Прејди на содржината

Македонци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
Undo revision 198117 by Amacos (Talk)Вандализам
Amacos (разговор | придонеси)
Undo revision 198118 by StanProg (Talk)Во континуитет StanProg ги менува податоците од неутралните извори. Класично вандализи
Ред 3: Ред 3:
|група=Македонци
|група=Македонци
|знаме=[[Слика:Macedonian Ethnic Flag.gif|150px]]
|знаме=[[Слика:Macedonian Ethnic Flag.gif|150px]]
|знаме_наслов='''Националното знаме на Македонскиот народ'''
|знаме_наслов=''' знаме на Македонскиот народ'''
|слика=[[Слика:Makedonski pisateli.jpg|260px]]
[[Слика:Makedonski revolucioneri.jpg|260px]]
|слика=[[Слика:Makedonski pisateli.jpg|260px]]
[[Слика:Makedonski revolucioneri.jpg|260px]]
|слика_наслов=[[Димитрија Чуповски]] {{·}} [[Крсте Петков Мисирков|Крсте Мисирков]]
[[Кочо Рацин]] {{·}} [[Партениј Зографски]]
|слика_наслов=[[Димитрија Чуповски]] {{·}} [[Крсте Петков Мисирков|Крсте Мисирков]]
[[Кочо Рацин]] {{·}} [[Партениј Зографски]]
Ред 9: Ред 9:
[[Гоце Делчев]] {{·}} [[Даме Груев]]
[[Јане Сандански]] {{·}} [[Никола Карев]]
[[Гоце Делчев]] {{·}} [[Даме Груев]]
[[Јане Сандански]] {{·}} [[Никола Карев]]
|вкупен= околу '''3.5''' – '''4 милиони'''
|вкупен= околу '''3.5''' – '''4 милиони'''
| регион1 = '''Бројот на Македонците во [[Македонија|историска Македонија]]:'''
{{flagicon|Macedonia}} [[Република Македонија]]
{{flagicon|Greece}} [[Егејска Македонија]]
{{flagicon|Bulgaria}} [[Пиринска Македонија]]
{{flagicon|Албанија}} [[Мала Преспа|М. Преспа]] и [[Голо Брдо]]

'''Бројот на Македонците во странство:'''
| регион1 = '''Бројот на Македонците во [[Македонија| Македонија]]:'''
{{flagicon|Macedonia}} [[Република Македонија]]
{{flagicon|Greece}} [[Егејска Македонија]]
{{flagicon|Bulgaria}} [[Пиринска Македонија]]
{{flagicon|Албанија}} [[Мала Преспа|М. Преспа]] и [[Голо Брдо]]

'''Бројот на Македонците во странство:'''
| поп1 =

1.297.981
202.000
3.117
35.000
| поп1 =

1.297.981
202.000

35.000
| реф1 =

<ref>[http://www.stat.gov.mk/english/glavna_eng.asp?br=18 2002 попис]</ref>
<ref>[http://www.joshuaproject.net/peopctry.php?rop3=105968&rog3=GR Joshua Project - 2007 Број]</ref>
<ref>[http://www.nsi.bg/Census/Ethnos.htm 2001 попис]</ref>
<ref>[http://www.joshuaproject.net/peopctry.php?rop3=105968&rog3=AL Joshua Project - 2007 Број]</ref>
| реф1 =

<ref>[http://www.stat.gov.mk/english/glavna_eng.asp?br=18 2002 попис]</ref>
<ref>[http://www.joshuaproject.net/peopctry.php?rop3=105968&rog3=GR Joshua Project - 2007 Број]</ref>
<ref>[http://www../. ]</ref>
<ref>[http://www.joshuaproject.net/peopctry.php?rop3=105968&rog3=AL Joshua Project - 2007 Број]</ref>

Ред 51: Ред 51:
| реф10 = <ref>[ftp://www.statistik.at/pub/neuerscheinungen/vzaustriaweb.pdf 2001 попис]</ref>
| реф10 = <ref>[ftp://www.statistik.at/pub/neuerscheinungen/vzaustriaweb.pdf 2001 попис]</ref>

| регион13 = {{flagicon|Bulgaria}} [[Бугариjа]]
| регион13 = {{flagicon|}} [[]]
| поп13 = 5.071
| поп13 = .
| реф13 = <ref>[http://www.nsi.bg/Census/Ethnos.htm 2001 попис]</ref>
| реф13 = <ref>[http://www../Census/. 2001 попис]</ref>

| регион14 = {{flagicon|Croatia}} [[Хрватска]]
| регион14 = {{flagicon|}} [[]]
| поп14 = 4.270
| поп14 = .
| реф14 = <ref>[http://www.dzs.hr/Eng/Census/Popis/E01_02_02/E01_02_02.html 2001 попис]</ref>
| реф14 = <ref>[http://www..////. попис]</ref>

| регион15 = {{flagicon|Словенија}} [[Словенија]]
| регион15 = {{flagicon|}} [[]]
| поп15 = 3.972
| поп15 = .
| реф15 = <ref>[http://www.stat.si/popis2002/si/rezultati/rezultati_red.asp?ter=SLO&st=7 2002 попис]</ref>
| реф15 = <ref>[http://www..////. ]</ref>

| регион16 = {{flagicon|France}} [[Франција]]
| регион16 = {{flagicon|}} [[]]
| поп16 = 2.300
| поп16 = 2.
| реф16 = <ref>[http://www.diplomatie.gouv.fr/fr/pays-zones-geo_833/macedoine-arym_442/presentation-macedoine-arym_991/donnees-generales_12144.html 2003 процена]</ref>
| реф16 = <ref>[http://www../-///. ]</ref>

| регион17 = {{flagicon|Bosnia and Herzegovina}} [[Босна и Херцеговина]]
| = {{flagicon|}} [[]]
| поп17 = 2.278

| реф17 = <ref>[http://www.uni-koeln.de/jur-fak/ostrecht/minderheitenschutz/Vortraege/BiH/BiH_Marko_Railic.pdf 2005 попис]</ref>
| = <ref>[http://www.. попис]</ref>

| регион19 = {{flagicon|Romania}} [[Романија]]
| поп19 = 731
| реф19 = <ref>[http://www.recensamant.ro 2002 попис]</ref>

|јазици=[[македонски јазик|македонски]]
|јазици=[[македонски јазик|македонски]]

Преработка од 00:49, 30 септември 2007

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници што треба да се разгледуваат на разговорната страница.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.

Македонци
Етничко знаме на Македонскиот народ
Податотека:Makedonski pisateli.jpg
Податотека:Makedonski revolucioneri.jpg
Димитрија Чуповски  · Крсте Мисирков
Кочо Рацин  · Партениј Зографски

Гоце Делчев  · Даме Груев
Јане Сандански  · Никола Карев
Вкупен број на населението

околу 3.54 милиони

Региони со значително население
Бројот на Македонците во етничка Македонија:

Македонија Република Македонија
Грција Егејска Македонија
Бугарија Пиринска Македонија
Албанија М. Преспа и Голо Брдо

Бројот на Македонците во странство:

1.297.981
202.000
203.000
35.000

[1]
[2]
[3]
[4]
Австралија Австралија 83.983 [5]
Германија Германија 61.105 [6]
Италија Италија 58.460 [7]
САД САД 42.812 [8]
Бразил 40.859
Канада Канада 31.265 [9]
Србија Србија 25.847 [10]
Швајцарија Швајцарија 6.415 [11]
Австрија Австрија 5.145 [12]
Хрватска Хрватска 4.270 [13]
Словенија Словенија 3.972 [14]
Франција Франција 2.300 [15]
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 2.278 [16]
Романија Романија 731 [17]
Јазици
македонски
Религии
македонско православие, ислам, протестантизам
Поврзани етнички групи

• Словени
• Јужни Словени
• Источна група
• Македонци
• Македонци-муслимани
• Горани

Процент на Македонци во Македонија

Македонците се народ најброен во Република Македонија кој што живее и во поширокиот регион Македонија. Тие го зборуваат македонскиот јазик.

Етногенезата на македонскиот народ

Види Етногенезата на македонскиот народ

Македонците се автохтоно население кое и покрај етногенетскиот процес на мешање со други народи, сепак има задржано многу црти од своите антички предци. Според некои македонски историчари, особено од Драган Ташковски и Александар Донски, се искажува тврдењето дека денешниот македонски народ е создаден преку етногенетски процес на мешање меѓу македонските словенски племиња и античките Македонци кој траел доста долго, а започнал со доаѓањето на Словените на Балканот во V и VI век. Ова тврдење е докажано и со низа ентнолошоки, културолошки (фолклористички), антрополошки и генетски истражувања кои сведочат за автохтоноста на Македонците[5] . Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година (16.2.1871) во својата статија весникот „Македонија“ по повод Македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите (античките) Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ (денешните Македонци)“. Оваа негова изјава се смета за прва изјава за етногенетскиот процес на мешање на Македонските Словени и Античките Македонци со кој е создаден современиот македонски народ. Некои историчари сметаат дека сомнително е и самото тврдење дека Македонците се словенски народ, бидејќи, како што велат тие, за тоа нема археолошки докази. Остатоци од античките предци можат и денес да се забележат кај современиот македонски народ. Античко-македонски обележја и остатоци во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на 1 март кој се слави во Пустец и селата во југо-западна Македонија), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот македонски јазик, форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн

Според поголем број странски автори[се бара извор], со доаѓањето на Словените настанал драматичен пресврт во етничкиот состав на Македонија, како и на Балканот, воопшто. Постојат извори кои укажуваат дека некои словенски племиња продреле на југ дури до Пелопонез.

Национални пројави кај Македонците

Долго време поради стегите и пропагандите на црквите и тогашните царства кои биле водени од Грци, Бугари и Срби, Македонците немале изградено своја силна национална свест. Па затоа многу Македонци поради силната пропаганда се декларирале за Бугари или Срби (некои и за Грци, сметајќи ги Македонците за словенизирани Елини) во зависност какво училиште (бугарско, српско или грчко) и која црква ја посетувале и во зависност од тоа како и од кого биле заведувани (бугарски, српски и грчки црковни пропагандистички статистичари, како на пример Васик K'нчов и други).

Македонската национална свест кај Македонците во минатото

Покрај силните странски национални пропаганди, во Македонија постоеле Македонци кои сметале дека не се ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци, потомци на Античките Македонци на Александар Македонски (кого го сметале за Словен) што е потврдено во Историјата напишана од Ѓорѓија Пулевски, говорот на Исаија Мажовски на бродот „Рицар“ во Украина и неколку написи во весникот „Македонија“ во 1871 година од Димитар Македонски. Докази за тоа се изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишувале дека се од Македонската нација.[18]. Подоцна во времето на Разловечкото и Македонското (Кресненското) востание во периодот на 1875 и 1878 година востаниците себеси јасно се декларирале како Македонци припадници на македонскиот народ кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Македонското (Кресненското) востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава. Во втората половина на XIX век, раководителите на соседните пропаганди сведочат за силната македонска национална свест на Македонците за нивната национална засебност и посебност од останатите соседни народи. Еден од најголемите бугарски пропагандисти П.Р.Славејков, сведочи дека: Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола). Во овој период за силната македонска национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело (останато само во ракопис) „Кој е крив“ напишано на македонски јазик во 1887 година, ја запишал реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: "И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Блгарин иљи Србин.". Еден од најголемите обиди за афримирање на македонската национална посебност, како резултат на македонската национална свест, е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да го воведе македонскиот јазик во училиштата, како и да изработат учебници на македонски јазик. Ова тие го побарале и со конкретно барање до турските власти, во кое јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област. Кон крајот на XIX век во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија почнува да излегува и весникот „Лоза“ (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“) уредувано од страна на Петар Попарсов, Коста Шахов и други македонски дејци, кој поради својата содржина од етнографски, политички и културни мотиви од животот на Македонците и поради јазикот на кој излгувал (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви) наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.

Во текот на XIX и XX век, засилено започнала Македонската национална преродба и национално ослободителна борба која резултирала со создавање Македонска држава по Втората светска војна.

Број на Македонците во Македонија и светот

Види Географска распространетост на македонскиот народ

Според некои извори се смета дека севкупниот број на Македонци во светот е околу 3 500 000 до 4 000 000. [19]. Најстар статистички податок за општата бројност на Македонците е запишан од страна на Александар Федорович Риттих, кој во 1901 година, забележал бројка од 913 842 Македонци во неговото дело „Славјанските наречија на ХХ век во Југозападна Европа“.

Бројот на Македонците во Македонија

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%). Меѓутоа, во некои кругови меѓу кои и во академските кругови (пр. академикот Блаже Ристовски и неколкумина други академици на МАНУ) постои резервираност спрема во оваа бројка, при што се истакнува податокот дека бројот на Македонци во пописните години 1991 и 1994 бил 1 328 187 односно 1 378 687 такашто нереално е нивниот број за само 8 години да опадне за околу 100 000 луѓе. Причините за ова тие го бараат во попишувањето на Македонците - муслимани како Албанци. Здружението на Македонци со исламска вероисповест официјално протестираше поради ова, бидејќи според нив, при попишувањето на населението, Македонците-муслимани биле попишани како Албанци, против нивната волја.

Меѓутоа вистинскиот број на Македонци во Република Македонија е 1 401 897 (69,31%) - под овој број се сметаат сите Македонци по народност (националност) без разлика на нивната вероисповест. (овој број се добива ако се види бројката на попишаните Албанци и Турци кои за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот, во неколку општини населени претежно со Македонци муслимани).

Бројот на Македонците во странство

За вистинскиот број на Македонци во странство (не вклучувајќи ги соседните држави), се шпекулира од 550 000 до 1 000 000 луѓе, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија па дури и во Аргентина и Јужно Африканска Република. Во западноевропските и прекуокеанските земји Македонците слободно и достојно ги негуваат своите македонски традиции и се организирани во македонски клубови и друштва, имаат свои културно уметнички друштва, цркви, радио и телевизиски програми, а во австралискиот град Сиднеј постои и гиманзиска паралелка на македонски јазик.

Етнички територии и Македонци по потекло

Во соседните земји, односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (етнички територии на Македонија), Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 600 000 Македонци по потекло, иако дел од нив си го загубиле националното чувство (особено помладите) поради многу силните репресии, пропаганди и асимилаторската политика од страна на државите во коишто живеат (Бугарија, Грција, Албанија), а и поради неможноста да го изучуваат и да се образуваат на мајчиниот македонски јазик макар и факултативно и не можноста за чување и негување на македонските национално-културни традиции затоа во различни пописи и документи декларираат друга национална припадност додека ги чуваат и негуваат македонските традиции, јазик и родови врски. Некои извори [20]даваат број на Македонците по потекло во Бугарија меѓу 1 000 000 и 3 000 000 луѓе. Вака целосниот број на Македонците по потекло во соседните земји може да се зголеми до 3 400 000 луѓе. (Види Македонците во Бугарија)

Јавно мислење за Македонците во странство

Јавното мислење во Република Македонија е дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници бидејќи постои опасност за изумирање на македонскиот јазик и народност воопшто во тие краишта, а соседните држави треба да престанат со националистичката политика и да ги почитуваат човековите и малцинските права на Македонците. Иако секој обид на Република Македонија да помогне на Македонците од соседните земји (од етничките делови на Македонија) на било кое поле (културно, научно, образовно, економско) од соседните земји се смета за „територијална претензија“ на Република Македонија, јавното мислење е дека тоа не треба да ја спречува Република Македонија да ги помага и поддржува Македонците надвор од нејзините граници.

Национални симболи

Види Етничко македонско знаме

Податотека:Flag of Macedonia 1991-95.svg
Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш национален симбол на Македонскиот народ

Како македонски национален симбол се употребува шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш коешто било симбол на античките Македонци во минатото, а се забележува и во повеќе цркви и манастири низ Македонија. Неофицијално национално знаме на Македонците е шеснаесет зрачното златно-жолто сонце од Кутлеш на црвена основа, коешто всушност беше и државно знаме на Р. Македонија во периодот од 1991 до 1995 година. Овој симбол е општоприфатен како македонски национален симбол насекаде каде што живеат Македонци, а исто така се употребува и како симбол на македонските партии и организации во странство (околните држави) и во Македонија.

Во одредени кругови за македонски национален симбол се смета и лавот (жолт лав на црвена основа) којшто бил симбол и на Античка Македонија, во средновековието бил исто така грб на Македонија и македонскиот народ, а бил и симбол на македонските револуционери. Денес овој симбол го употребуваат повеќе политички партии во Република Македонија како и Светскиот Македонски Конгрес.

Вероисповеста меѓу Македонците

Во најголема мера припадниците на македонскиот народ се од православна христијанска вероисповед. Црковното прашање, кое се до денес не е јасно решено, во минатото било од големо значење за Македонците особено по укинувањето на автокефалната македонска Охридска архиепископија во 1767 година, која имала 21 архиепископ, од кои сите биле Македонци, и била главен духовен обединител на Македонците кои по нејзиното укинување веднаш подпаднале под црковно-националните пропаганди на соседните земји (Грција, Бугарија и Србија). Во 1969 година е обновена автокефалноста на Македонската православна црква која покрај во Македонија има свои црковни општини и меѓу Македонците во САД, Австралија, Канада итн. Голем е бројот и на Македонци со исламска вероисповед кој брои околу 200000 луѓе. Во помала мера се застапени и католичката, протестантската, адвентистичката и другите вероисповеди помеѓу Македонците. Во втората половина на XIX век, на неколку пати во големи бранови помеѓу Македонците во Македонија се раширило и унијатството неможејќи да ги издржат притисоците од соседните црковно-национални пропаганди.

Македонски национални дејци

Како најзначајни македонски национали дејци и луѓе кои први проговориле за националната посебност на Македонците се Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Наце Димов, Темко Попов и останатите членови на Македонското научно-литературно другарство. Тие не само што јасно ги потенцирале разликите меѓу Македонците и Бугарите, Србите и Грците туку и се залагале за создавање независна автономна држава Македонија која треба да биде национална држава на Македонците, за што сведочат нивните меморандуми до руските и европските министри и дипломати, изработката на македонски буквари, организирањето на сесловенски конгреси со цел признавање на Македонците како посебен народ итн. Други познати македонски национални дејци кои застанале за македонската национална посебност и самобитност се Димитар Влахов еден од основачите на ВМРО (Обединета), Стефан Јакимов Дедов и Дијамандија Трпков Мишајков издавачи на весникот „Автономна Македонија“ во Србија, Коста Шахов, митрополитот Теодосиј Гологанов, а од поново време Методија Андонов - Ченто, Кузман Јосифовски - Питу и други.

Видете исто така

Извори

1. 2002 попис
2. Joshua Project - 2007 Број
3. Joshua Project - 2007 Број
4. Joshua Project - 2007 Број
5. 2006 попис
6. 2004
7. 2004 попис
8. 2002 попис
9. 2001 попис
10. 2002 попис
11. 2000 попис
12. 2001 попис
13. 2001 попис
14. 2002 попис
15. 2003 процена
16. 2005 попис
17. 2002 попис
18. Според автентични податоци од книгата „Македонскиот полк во Украина“ од Др. Александар Матковски
19. Оваа бројка (3 500 000 до 4 000 000 Македонци) може да се најде во учебникот за географија за 2 година реформирано гимназиско образование, од авторите Д.Василески, Б.Маркоски, Н.Панов, Н.В. Димитров и Ѓ.Павловски, издаден во 2002 година од Просветно дело, како и во “Македонците во светот и Македонската дијаспора“ од Славе Николовски-Катин издадена од Матица Македонска во 2003 година, а и во неколку броеви на неделникот Македонско Сонце и изданието “Македонија 1903-1944-1991“ издадено во многу мал тираж во 1995 година.
20. На македонски [1] и на бугарски [2][3][4]

Надворешни врски