Прејди на содржината

Динамика (физика)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Динамикагранка на физиката (дел од класичната механика) и се занимава со проучувањето на силите и моментите на силите и нивното влијание на движење, за разлика од кинематиката, која пак го проучува движњето на предметите без да се занимава со причините кои довеле до тоа движење. Исак Њутн ги дефинирал основните физички закони кои владеат со динамиката во физиката, особено познатиот втор закон на движењето.

Принципи

[уреди | уреди извор]

Општо речено, истражувачите кои се занимаваат со динамиката го проучуваат поведението на еден физички систем со текот на времето и ги проучуваат причините кои довеле до тие промени. Надоврзувајќи се на ова, Њутн ги воспоставил основноте физички законитости кои ја управуваат динамиката во физиката. Преку проучувањето на системот на механиката, целосно може да се разбере динамиката како гранка на класичната механика. Динамиката на еден начин најмногу е поврзана со Њутновиот втор закон на движењето. Но, сите три закони се од интерес за динмиката, бидејќи тие се испреплетуваат при одредено набљудување или опит.[1]

Линиска и вртежна динамика

[уреди | уреди извор]

Проучувањата во динамиката се поделени на два правци: линиски и вртежен. Линиската динамика се занимава со предметите кои се движат по патека која наликува на права линија при што се одредуваат величините какосила, маса/инерција, поместување (во единица за растојание), брзина (во единица растојание во единица време), забрзување (во единица растојани во единица време на квадрат) и импулс (масат помножена со единица брзина). Вртежната динамика се занимава со предметите кои се движат по закривена или кружна патека при што се одредуваат величините момент на сила, момент на инерција/вртежна инерција, аголно поместување (во радијани а поретко во степени ), аголна брзина (радијани во единица време), аголно забрзување (радијани во единица време на квадрат) и аголен импулс (момент на инаерција помножен со аголната брзина). Многу често, предметите се движат и линиски и вртежно.

За класичниот електромагнетизам, Максвеловите равенки се равенките кои се користат за опишување на динамичките појави. Динамиката на класичните системи кои вклучуваат механика и електромагнетизам се опишуваат со комбнација од Њутновите закони, Максвеловите равенки и Лоренцовата сила.

Њутон силата ја дефинрал како вршење притисок за едно тело да почне да се движи. Концептот за сила се користи за да се опише влијание кое предизвикува слободно тело (предмет) да забрзува. Може да биде или туркање или влечење, кое ќе предизвика промена на насоката, при што ќе се промени брзината, или ќе се деформира предметот привремено или трајно. Општо кажано, силата предизвикува состојбата на движење на предметот да се промени.[2]

Њутнови закони

[уреди | уреди извор]

Њутн ја опишал силата како способност да се предизвика забрзување на масата. Неговите три закони можат да се дефинираат на начинот којшто следи:

  1. Прв закон: Ако на еден предмет не делува сила, тогаш брзината е постојана. Предметот или мирува (брзината е еднаква на нула), или пак се движи со постојана брзина во една единствена насока.[3][4]
  1. Втор закон: Стапката на промена на линискиот импулс P е еднаква на вкупната сила на предметот Fnet, т.е., dP/dt = Fnet.
  1. Трет закон: Кога едно тело дејствува со сила F1 на второ тело, второто тело истовремено дејствува со сила F2 = −F1 на првото тело. Ова значи дека F1 и F2 се еднакви по големина но со спротивни насоки.

Њутновите закони за движење важат самово инерцијални појдовни системи.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Goc, Roman (2004-2005 copyright date). „Dynamics“. Архивирано од изворникот (Physics tutorial) на 2010-04-13. Посетено на 2010-02-18. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Goc, Roman (2004-2005 copyright date). „Force in Physics“. Архивирано од изворникот (Physics tutorial) на 2010-02-22. Посетено на 2010-02-18. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Browne, Michael E. (July 1999). Schaum's outline of theory and problems of physics for engineering and science (Series: Schaum's Outline Series). McGraw-Hill Companies. стр. 58. ISBN 978-0-07-008498-8.
  4. Holzner, Steven (December 2005). Physics for Dummies. Wiley, John & Sons, Incorporated. стр. 64. ISBN 978-0-7645-5433-9.
Wikibooks
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: