Лудвиг I (Баварија)
Лудвиг I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Јозеф Карл Штилер, 1825 | |||||
Крал на Баварија | |||||
На престол | 13 октомври 1825 – 20 март 1848 | ||||
Претходник | Максимилијан I Јосиф | ||||
Наследник | Максимилијан II | ||||
Роден(а) | 25 август 1786 Стразбур, Кралство Франција | ||||
Починал(а) | 29 февруари 1868 (возр. 81) Ница, Втора Француска Империја | ||||
Почивалиште | Опатија Свети Бонифациј, Минхен | ||||
Сопружник | Тереза од Саксо-Хилдбургхаузен | ||||
| |||||
Династија | Династија Вителсбах | ||||
Татко | Максимилијан I Јосиф од Баварија | ||||
Мајка | Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштат | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||
Потпис |
Лудвиг I (германски: Ludwig I; 25 август 1786 - 29 февруари 1868) — крал на Баварија од 1825 до германските револуции од 1848-1849 година. Тој го наследил својот татко Максимилијан I на престолот на Баварија по неговата смрт во 1825 година и абдицирал во корист на својот син Максимилијан II за време на револуцијата од 1848 година, по неговата афера со Лола Монтез.
Неговата венчавка во 1810 година со принцезата Тереза од Саксен-Хилдбургсхаузен го основал „Октоберфест“. Тогаш, тие организирале раскошна трка со коњи (свадбата се одржала на 12 октомври, а трката со коњи на 17 октомври, па оттаму постојат две различни дати за почетокот на „Октоберфест“). Неговото име го носи првата железничка линија во Германија од Нирнберг до Фирт, отворена во декември 1835 година. Како и другите германски владетели, Лудвиг I реагирал на движењата за слобода и единство на фестивалот во Хамбах во 1832 година со зголемена репресија и цензура на печатот.
|