Плејади (ѕвездено јато)
Плејади | |
---|---|
Преклопна слика на Плејадите | |
Податоци (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Бик |
Ректасцензија | 03ч 47м [1] | 24с
Деклинација | +24° 07′ [1] | 00″
Оддалеченост | 444 сг во просек (136,2±1,2 пс[2][3][4][5]) |
Привидна величина (V) | 1,6[6] |
Привидни димензии (V) | 110' (лмин)[6] |
Физички особености | |
Други назнаки | M45,[1] Седум Сестри,[1] Мелот 22[1] |
Поврзано: Расеано ѕвездено јато |
Плејади познати и како Седум Сестри и Месје 45 (македонско народно име: Квачка) — расеано јато кое содржи ѕвезди со средна просечна старост, односно врели B-тип ѕвезди во северозападното соѕвездие Бик. Станува збор за ѕвездено јато кое е едно од најблиските до Земјата и може да се набљудува на ноќното небо со голо око.
Јатото е исполнето со топли сини сјајни ѕвезди кои се создале во последните 100 милиони години. Се мислело дека постоењето на отсјајни маглини околу најсјајните ѕвезди се должи на остатокот од материјалот при создавањето на јатото, но денес се знае дека станува збор за неповрзани облаци прашина во меѓуѕвездената средина низ кои моментално минуваат ѕвездите.[7]
Сметачките симулации покажале дека Плејадите се најверојатно создадени од компактна маса налик на маглината Орион.[8] Астрономите проценуваат дека јатото ќе постои околу 250 милиони години, по што ќе се распрсне поради гравитациските заемодејства со галактичкото соседство.[9]
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името Плејади има старогрчко потекло. Најверојатно потекнува од зборот плеин („едрење“) поради важноста на јатото за определување на пловната сезона во Средоземното Море: „сезоната за пловидба започнувала со нивното ѕвездено изгревање“.[10] Сепак, во митологијата името се користело за Плејадите, седумте божествени сестри, при што името потекнува од нивната мајка Плејона и би значело дека во превод би било „керќите на Плејона“. Во реалноста, првично било дадено името на ѕвезденото јато, а Плејона ��ила измислена за да го објасни.[11]
Фолклор и митологија
[уреди | уреди извор]Плејадите се впечатлива глетка во зимата на северната полутопка, и може да се забележат од среднните јужни должини. Тие се познати уште од антиката од култури и цивилизации ширум светот,[12] меѓу кои се Келтите, Хавајците (кои ги нареклеМакалʻи[13]), Маорите (кои ги нареклеМатарики), Абориџините (од неколку приказни), Персијците (кои ги нарекле پروین Парвин или پروی Парви)[14], Арапите (кои ги нарекле Тураја[15]), Кинезите (кои ги нарекле 昴 Мао), Кечуаните, Јапонците, Маите, Ацтеките, Сијуксите, Кајова,[16][17] и Чероките. Во хиндуизмот, Плејадите се познати под името Кртика и се поврзуваат со богот на војната Картикеја. Тие се исто така споманати неколкупати и во Библијата.[18][19]
Најрано познатиот приказ на Плејадите е најверојатно е северногерманскиот артефакт од бронзената доба, познат под името Небрашки небесен диск, за кој се проценува дека е од 1600 п.н.е.[20] Вавилонскиот небесен каталог ги именува мулмул (𒀯𒀯), што значи „ѕвезди“ (буквално „ѕвезда ѕвезда“), и ги наведуваат сите ѕвезди долж еклиптиката, што пак укажува дека тие биле во близина на точката на пролетната рамноденица околу XXIIIвек п.н.е. Старите Египќани најверојатно ги користеле именувањата „Следбеници“ и „Енеади“ предвидувачките текстови во папирусниот календар на среќни и несреќни денови од Каиро 86637.[21] Некои Старогрчки астрономи сметале дека тие се далечни соѕвездија, и се спомнати во делото на Хесоид Дела и денови,[22] како и во Хомеровите Илијада и Одисеја,[23] и Геопоника.[24] Некои исламски учителисметале дека Плејадите (ат-тураја) се „ѕвездата“ споманата во Сура Ан-Наџм („ѕвездата“) во Куранот.[25]
Субару
[уреди | уреди извор]Во Јапонија, соѕвездието се спомнува под името Мацурабоши („шест ѕвезди“) во Коџики од VIII век.[26] Соѕвездието денес во Јапонија е познато под името Субару. Ова име беше избрано и од автомобилската компанија Субару за да го прикаже потеклото на компанијата како збир од пет компании, и е е прикажано на самото лого на компанијата.[27]
Набљудувања низ историјата
[уреди | уреди извор]Галилео Галилеј бил првиот астроном кој ги набљудувал Плејадите низ телескоп. Тој забележал дека во јатото има многу ѕвезди кои се премногу темни за да се забележат со голо око. Тој ги објавил своите набљудувања, вклучувајќи и нацрт на Плејадите кои содржел 36 ѕвезди, во делото Sidereus Nuncius испечатено во март 1610 година.
За Плејадите одамна се знаело дека се физички поврзани ѕвезди, а не дека се случајна подреденост. Џон Мичел преметал во 1767 година дека веројатноста за случајна подреденост на толку сјајни ѕвезди е само 1 наспроти 500.000, и заклучил дека Плејадите и останатите ѕвездени јата мора да се физички поврзани.[28] Кога за првпат биле направени набљудувања на сопствените движења, се забележало дека сите се движат во иста насока на небото, со иста брзина, што дополнително покажува дека тие се меѓусебно поврзани.
Шарл Месје ја измерил местоположбата на јатото и го вклучил под ознаката M45 во неговиот каталог на тела кои наликуваат на комети, објавен во 1771 година. Во каталогот биле вклучени, маглината Орион и јатото Јасли, впишувањето и на Плејадите од страна на Месје е зачудувачки, бидејќи повеќето од телата во каталогот биле темни и лесно можело да дојде до забуна и истите да се сметаат за комета, што пак за Плејадите е невозможно да се случи. Една веројатност е дека Месје само посакувал да има поопширен каталог од неговиот соперник Лакај, чиј каталог од 1755 година содржел 42 тела, и од оваа причина додал сјајни тела за да го зголеми бројот во својот каталог.[29]
Едм-Себастјен Жора нацртал карта во 1782 година со 64 ѕвезди од Плејадите од неговите набљудувања од 1779 година, кои ги објавил во 1786 година.[30][31][32]
Растојание
[уреди | уреди извор]Растојанието до Плејадите е прв клучен чекор за баждарење на вселенската скала на растојанија. Како што јатото е релативно близу до Земјата, би требало лесно да се пресмета растојанието и истото е проценето со бројни методи. Доколку точно се знае растојанието тоа им овозможува на астрономите да исцртаат ХР-дијаграм за јатото, кој, спореден со оние дијаграми на јата чии растојанија се непознати, ќе овозможи процена на растојанијата до тие јата. Други методи ќе овозможат проширување на скалата на растојанија за растурените јата во галаксиите и јатата галаксии, со што би се добила нова вселенска скала на растојанија. На крај познавањата и сфаќањата на астрономите за староста и идниот развој на универзумот се под влијание на нивното знаење на растојанието до Плејадите. Сепак некои автори велат дека постои несогласување со растојанието до Плејадите, однмосно станува збор за црвена харинга, бидејќи моменталаната вселенска скала на растојанија се зснова на избрани блиски јата, за чии растојанија постои консензус поради мерењата на вселенското летало Хипаркос и оние од независните мерења (пр. Хијадите, Мелот 111, итн).[3]
Мерењето на растојанието подигнало голема прашина. Резултатите пред лансирањето на вселенското летало Хипаркос дале резултат дека Плејадите се на растојание од 135 парсеци (pc) од Земјата. Податоците од Хипаркос дале изненадувачки резултат, односно растојание од само 118 pc, растојание добиено со определување на ѕвездената паралакса на ѕвездите во јатот, техника којатреба да ги даде најпрецизните и најточните резултати. Како што изминувало времето се повеже преовладувало мислењето дека мерењата на Хипаркос за растојанието до Плејадите се грешни.[3][4][5][33][34][35] Ако се има предвид дека растојанијата за јатото из��ерени до вселенскиот телескоп Хабл и инфрацрвениот боен-величински диајграм даваат (таканаречена „спектроскопска паралакса“) растојание помеѓу 135 и 140 pc;[3][33] придвижното растојание од интерферометриските набљудувања на Плејадите од Двојниот Атлас даваат растојание од 133 до 137 pc.[35] Сепак, авторот на каталогот за 2007–2009 година ги прегледал мерењата на паралаксите на Хипаркос и потврдил дека растојанието е околу ~120 pc и понудил докази за ова тврдење.[2] Неодамна, Франсис и Андерсон[36] предложиле дека систематскиот ефект на грешките на паралаксата за Хипаркос од пресметките со употреба на пондерирана средина дале резултат за растојание од 126 pc и фотометриско растојание од 132 pc врз основа на ѕвездите од групациите AB Златна Рипка, Тукан-Часовник и Бета Уметник, кои се слични по старост и состав со плејадите. Авторите тврдат дека разликите во резултатите се должат на постоечката случајна грешка. Најновите резултати со употреба на долгоосновна интерферометрија (VLBI) (август 2014) и прелиминарните мерења од Гаја наречени Податочна база 1 (септември 2016) и Податочна база 2 (август 2018), дале соодветни растојанија од 136,2 ± 1,2 pc,[37] 134 ± 6 pc[38] и 136,2 ± 5,0 pc,[39]. Иако екипата која работела на Податочната база 1 била претпазлива за нивните резултати, авторите од VLBI го наметнуваат мислењето „дека мерењата на Hipparcos за растојанието до Плејадите се грешни“.
Година | Растојание (pc) | Белешки |
---|---|---|
1999 | 125 | Хипаркос[40] |
2004 | 134,6 ± 3,1 | Хабловиот сензор за фино наведување[33] |
2009 | 120,2 ± 1,9 | Исправки на Хипаркос[2] |
2014 | 136,2 ± 1,2 | Долгоосновна интерферометрија[37] |
2016 | 134 ± 6 | Гаја-Податочна база 1[38] |
2018 | 136,2 ± 5 | Гаја-Податочна база 2[39] |
За слична дебата околу растојанијата Погледајте ја статијата Северница#Растојание, каде повторно има спорење на резуултатите добиени од мерењата на Хипаркос, иако овојпат е добиено поголемо растојание.
Состав
[уреди | уреди извор]Јадрото на јатото е со полупречник од околу 8 светлосни години и плимен полупречник од околу 43 светлосни години. Јатото содржи околу 1.000 статистички потврдени членови, но сепак во оваа бројка не спаѓаат и нерасдвоените двојни ѕвезди.[41] Светлината е во доминација од млади, топли сини ѕвезди, од кои 14 може да се забележат со голо око во зависност од условите за набљудување. Подредувањето на најсјајните ѕвезди е понекогаш налик на она во Голема Мечка и Мала Мечка. Вкупната маса на јатото се проценува дека изнесува околу 800 сончеви маси и вклучува голем број на темни и црвени ѕвезди.[41]
Јатото содржи голем број на кафеави џуџиња, кои се всушност тела со маси помали и од 8% од масата на Сонцето, немаат доволно голема маса за започнување на јадрено соединување во јадрата за да постанат правилни ѕвезди. Постои можност тие да се дури и 25% од вјкупниот број ѕвезди во јатото, иако се само помалку од 2% од вкупната маса.[42] Астрономите имаат направено напори да ги пронајдат и анализираат овие кафеави џуџиња во Плејадите и другите млади јата, бидејќи тие сè уште се релативно сјајни и лесни за набљудување, додека пак кафеавите џуџиња во постарите јата се бледи и нивното истражување би се одвивало со потешкотии.
Најсјајни ѕвезди
[уреди | уреди извор]Деветте најсјајни ѕвезди во Плејадите се именувани според седумте сестри од старогрчката митологија: Стеропа, Меропа, Електра, Маја, Тајгета, Келено и Алкиона, покрај своите родители Атлас и Плејона. Како ќерки на Атлас, Хијадите се сестри на Плејадите. Англиското именување на јатото потекнува од грчкото именување (Πλειάδες), но со непозната етимологија. некои тврдат дека потекнува од зборот πλεῖν плеин, „едрење“, што би значело дека Плејадите се „едречките“; од πλέος плеос, „многу“; или од πελειάδες пелиади, „јато гулаби“. Во следнава табела се деталите за најсјајните ѕвезди во јатото:
Име | Ознака | Првидна величина | Ѕвездена класификација | Растојание (ly)[43] |
---|---|---|---|---|
Алкиона | Ета (25) Бик | 2,86 | B7IIIe | 409 ± 50 |
Атлас | 27 Бик | 3,62 | B8III | 387 ± 26 |
Електра | 17 Бик | 3,70 | B6IIIe | 375 ± 23 |
Маја | 20 Бик | 3,86 | B7III | 344 ± 25 |
Меропа | 23 Бик | 4,17 | B6IVev | 344 ± 16 |
Тајгета | 19 Бик | 4,29 | B6V | 364 ± 16 |
Плејона | 28 (BU) Бик | 5,09 (пром.) | B8IVpe | 422 ± 11 |
Келено | 16 Бик | 5,44 | B7IV | 434 ± 10 |
Стеропа, Астеропа | 21 и 22 Бик | 5,64;6,41 | B8Ve/B9V | 431,1 ± 7,5 |
— | 18 Бик | 5,66 | B8V | 444,3 ± 7,5 |
Старост и иден развој
[уреди | уреди извор]Староста на ѕвездените јата може да с епроцени со споредба на ХР-дијаграмите за јатото со теориски модел на ѕвездениот развој. Користејќи ја оваа техника, староста на Плејадите се проценува дека е меѓу 75 и 150 милиони години. Големата несигурност се должи на неопределеностите во моделите за ѕвездениот развој, ко вклучуваат фактори како што се струјно потфрлање, односно кога постои струјна зона во ѕвездата која ја пробива неструјната зона, што пак дава лажна слика за староста на ѕвездата.
Друг начин за процена на староста на јатото е преку телата со најмала маса. Кај нормалните ѕвезди од главната низа, брзо согорува литиумот брзо се уништува при реакциите на јадреното соединување. Сепак Кафеавите џуџиња го задржуваат литиумот. Ова се должи на фактот што литиумот согорува при многу пониска температура од 2,5 × 106 K, кафеавите џуџиња со поголема маса со текот на времето ќе го согорат, па определувањето на кафеавите џуџиња со најголеми маси кои сè уште содржат литиум во јатото можат да ни дадат идеја за староста на истото. Применувајќи ја оваа техника на Плејадите се добива старост од околу 115 милиони години.[44][45]
Јатото полека се движи во насока на стапалото на соѕвездието Орион. Како и повеќето расеани јата, Плејадите нема вечно да бидат гравитациски поврзани. Некои од ѕвездите ќе бидат исфрлени при блиска средба со некоја друга ѕвезда од јатото, додека пак други ќе бидат исфрлени од гравитациските плимни сили. Пресметките покажале дека на јатото ќе му бидат потребни 250 милиони години дас е распрсне, при што гравитациските заемнодејаства со џиновските молекуларни облаци и спиралните краци на галаксијата само ќе го забрзаат овој процес.[46]
Отсјајна магловитост
[уреди | уреди извор]Со поголеми аматерски телескопи, може лесно да се забележи магловитоста околу некои од ѕвездите, особено кога се прават фотографии со голема експозиција. При идеални услови за набљудување, постои мала шанса да се забележи магловитоста околу јатото со мал телескоп или просечен двоглед. Станува збор за отсјајна маглина, која ја отсјајува сината светлина од сјаните топли и млади ѕвезди.
Порано преовладуваше мислењето дека прашината е остаток од ѕвездообразбата на јатото, но имајќи ја предвид прифатената старост на јатото од околу 100 милиони години, скоро целата прашина која првично постоела до денес би била расеана од зрачниот притисок. Се верува дека јатото едноставно минува низ област исполнета со прашина од меѓуѕвездената средина.
Истражувањата покажале дека прашината виновник за магловитоста не е подеднакво распостранета, но е воглавно сконцентрирана во два слоја долж полето на набљудување на јатото. Овие слоеви можно е да се создадени од успорувањето кое се должи на зрачниот притисок како што прашината се приближувала кон ѕвездите.[47]
Можни планети
[уреди | уреди извор]Преку анализа на далечните инфрацрвени снимки од Спицер и северниот телескоп Џемини, астрономите забележале дека една од ѕвездите во јатото HD 23514, која има маса и сјајност малку поголема од онаа на Сонцето, во својата орбита има невообичаен број на врели честички прашина. Се верува дека ова е можен доказ за создавањето на планети околу HD 23514.[48]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Cl Melotte 22“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Van Leeuwen, F. (2009). „Parallaxes and proper motions for 20 open clusters as based on the new Hipparcos catalogue“. Astronomy and Astrophysics. 497 (1): 209–242. arXiv:0902.1039. Bibcode:2009A&A...497..209V. doi:10.1051/0004-6361/200811382.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Majaess, Daniel J.; Turner, David G.; Lane, David J.; Krajci, Tom (2011). „Deep Infrared ZAMS Fits to Benchmark Open Clusters Hosting delta Scuti Stars“. Journal of the American Association of Variable Star Observers (Jaavso). 39 (2): 219. arXiv:1102.1705. Bibcode:2011JAVSO..39..219M.
- ↑ 4,0 4,1 Percival, S. M.; Salaris, M.; Groenewegen, M. A. T. (2005). „The distance to the Pleiades. Main sequence fitting in the near infrared“. Astronomy and Astrophysics. 429 (3): 887–894. arXiv:astro-ph/0409362. Bibcode:2005A&A...429..887P. doi:10.1051/0004-6361:20041694.
- ↑ 5,0 5,1 Zwahlen, N.; North, P.; Debernardi, Y.; Eyer, L.; и др. (2004). „A purely geometric distance to the binary star Atlas, a member of the Pleiades“. Astronomy and Astrophysics Letters. 425 (3): L45. arXiv:astro-ph/0408430. Bibcode:2004A&A...425L..45Z. doi:10.1051/0004-6361:200400062.
- ↑ 6,0 6,1 Messier 45
- ↑ Gibson, S.J.; Nordsieck, K.H. (2003). „The Pleiades Reflection Nebula. II. Simple Model Constraints on Dust Properties and Scattering Geometry“. The Astrophysical Journal. 589 (1): 362–377. Bibcode:2003ApJ...589..362G. doi:10.1086/374590.
- ↑ Kroupa, Pavel; Aarseth, Sverre; Hurley, Jarrod (2001). „The formation of a bound star cluster: From the Orion nebula cluster to the Pleiades“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 321 (4): 699–712. arXiv:astro-ph/0009470. Bibcode:2001MNRAS.321..699K. doi:10.1046/j.1365-8711.2001.04050.x.
- ↑ Gendler, Robert (2006). A Year in the Life of the Universe: A Seasonal Guide to Viewing the Cosmos. Voyageur Press. стр. 54. ISBN 978-1610603409.
- ↑ "Pleiad, n." OED Online. Oxford University Press, December 2014. Web. 20 January 2015.
- ↑ Robin Hard, The Routledge Handbook of Greek Mythology (London: Routledge, 2004), p. 518.
- ↑ Julien D'Huy, Yuri Berezkin. How Did the First Humans Perceive the Starry Night? On the Pleiades . The Retrospective Methods Network Newsletter 2017, pp.100-122. https://halshs.archives-ouvertes.fr/halshs-01673386/document
- ↑ Makemson, Maud. „Hawaiian Astronomical Concepts“ (PDF). Hokulea.com. Посетено на 31 October 2018.
- ↑ Dehkhoda, Ali Akbar. „Dehkhoda Dictionary“. Parsi Wiki.
- ↑ Allen, Richard Hinckley (1963) [1899]. Star Names: Their Lore and Meaning (Reprint. изд.). New York City,NY: Dover Publications Inc. ISBN 978-0-486-21079-7.
- ↑ Andrews, Munya (2004). The Seven Sisters of the Pleiades: Stories from Around the World. Spinifex Press. стр. 149–152. ISBN 978-1876756451.
- ↑ Kracht, Benjamin (2017). Kiowa Belief and Ritual. University of Nebraska Press. стр. 63, 75, 139, 189. ISBN 978-1496201461.
- ↑ Job 9:9 KJV, Job 38:31 KJV and Amos 5:8 KJV
- ↑ James Hastings; John Alexander Selbie; Andrew Bruce Davidson; Samuel Rolles Driver; Henry Barclay Swete (1911). Dictionary of the Bible: Kir-Pleiades. Scribner. стр. 895–896.
- ↑ „BBC - Science & Nature - Horizon - Secrets of the Star Disc“. BBC. 2004. Посетено на 2008-03-25.
- ↑ Jetsu, L.; Porceddu, S. (2015). „Shifting Milestones of Natural Sciences: The Ancient Egyptian Discovery of Algol's Period Confirmed“. PLoS ONE. 10 (12): e.0144140 (23pp). arXiv:1601.06990. Bibcode:2015PLoSO..1044140J. doi:10.1371/journal.pone.0144140. PMC 4683080. PMID 26679699.
- ↑ Hesiod, Works and Days, (618-23)
- ↑ Theodossiou, E.; Manimanis, V. N.; Mantarakis, P.; Dimitrijevic, M. S. (2011). „Astronomy and Constellations in the Iliad and Odyssey“. Journal of Astronomical History and Heritage. 14 (1): 22. Bibcode:2011JAHH...14...22T. ISSN 1440-2807.
- ↑ „Geoponica“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 2011-04-22.
- ↑ Abdullah Yusuf Ali (1934). The Holy Qur'an — Translation and Commentary. ISBN 978-1-902480-01-5.
- ↑ Andrews, Munya (2004). The Seven Sisters of the Pleiades: Stories from Around the World. North Melbourne, Victoria, Australia: Spinifex Press. стр. 293. ISBN 978-1-876756-45-1.
- ↑ „Fuji Heavy Industries Changes Name to Subaru“. automotive-fleet.com. Automotive Fleet Magazine. May 12, 2016. Посетено на 24 June 2016.
- ↑ Michell J. (1767). „An Inquiry into the probable Parallax, and Magnitude, of the Fixed Stars, from the Quantity of Light which they afford us, and the particular Circumstances of their Situation“. Philosophical Transactions. 57: 234–264. Bibcode:1767RSPT...57..234M. doi:10.1098/rstl.1767.0028.
- ↑ Frommert, Hartmut (1998). „Messier Questions & Answers“. Посетено на 2005-03-01.
- ↑ A New review: with literary curiosities and literary intelligence, page 326, Paul Henry Maty, Printed for the author, 1783.
- ↑ Mémoires de French Academy of Sciences, page 289, Didot frères, fils et cie, 1786.
- ↑ Edme-Sébastien Jeaurat, Carte des 64 Principales Etoiles des Playades par M. Jeaurat, pour le 1.er Janvier 1786.
- ↑ 33,0 33,1 33,2 Soderblom D. R.; Nelan E.; Benedict G. F.; McArthur B.; и др. (2005). „Confirmation of Errors in Hipparcos Parallaxes from Hubble Space Telescope Fine Guidance Sensor Astrometry of the Pleiades“. Astronomical Journal. 129 (3): 1616–1624. arXiv:astro-ph/0412093. Bibcode:2005AJ....129.1616S. doi:10.1086/427860.
- ↑ Turner, D. G. (1979). „A reddening-free main sequence for the Pleiades cluster“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 91: 642–647. Bibcode:1979PASP...91..642T. doi:10.1086/130556.
- ↑ 35,0 35,1 Pan, X. (2004). „A distance of 133-137 parsecs to the Pleiades star cluster“. Nature (journal). 427 (6972): 326–328. Bibcode:2004Natur.427..326P. doi:10.1038/nature02296. PMID 14737161.
- ↑ Francis C.; Anderson E. (2012). „XHIP II: clusters and associations“. Astronomy Letters. 1203 (11): 4945. arXiv:1203.4945. Bibcode:2012AstL...38..681F. doi:10.1134/S1063773712110023.
- ↑ 37,0 37,1 Melis, Carl; Reid, Mark J.; Mioduszewski, Amy J.; Stauffer, John R.; и др. (29 August 2014). „A VLBI resolution of the Pleiades distance controversy“. Science. 345 (6200): 1029–1032. arXiv:1408.6544. Bibcode:2014Sci...345.1029M. doi:10.1126/science.1256101. PMID 25170147. See also commentary by Girardi, Léo (29 August 2014), „One good cosmic measure“, Science, 345 (6200): 1001–1002, Bibcode:2014Sci...345.1001G, doi:10.1126/science.1258425, PMID 25170136
- ↑ 38,0 38,1 Anthony G. A. Brown; GAIA Collaboration (2016), „Gaia Data Release 1. Summary of the astrometric, photometric, and survey properties“ (PDF), Astronomy and Astrophysics (forthcoming article), 595: A2, arXiv:1609.04172, Bibcode:2016A&A...595A...2G, doi:10.1051/0004-6361/201629512, Посетено на 14 September 2016
- ↑ 39,0 39,1 Abramson, Guillermo (20 August 2018). „The Distance to the Pleiades According to Gaia DR2“. Research Notes of the AAS. 2 (3): 150. Bibcode:2018RNAAS...2c.150A. doi:10.3847/2515-5172/aada8b.
- ↑ Van Leeuwen, Floor (1999). „HIPPARCOS distance calibrations for 9 open clusters“. Astronomy and Astrophysics. 341: L71. Bibcode:1999A&A...341L..71V.
- ↑ 41,0 41,1 Adams, Joseph D.; Stauffer, John R.; Monet, David G.; Skrutskie, Michael F.; и др. (2001). „The Mass and Structure of the Pleiades Star Cluster from 2MASS“. Astronomical Journal. 121 (4): 2053–2064. arXiv:astro-ph/0101139. Bibcode:2001AJ....121.2053A. doi:10.1086/319965.
- ↑ Moraux, E.; Bouvier, J.; Stauffer, J. R.; Cuillandre, J.-C. (2003). „Brown in the Pleiades cluster: Clues to the substellar mass function“. Astronomy and Astrophysics. 400 (3): 891–902. arXiv:astro-ph/0212571. Bibcode:2003A&A...400..891M. doi:10.1051/0004-6361:20021903.
- ↑ Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051.
- ↑ Basri G.; Marcy G. W.; Graham J. R. (1996). „Lithium in Brown Dwarf Candidates: The Mass and Age of the Faintest Pleiades Stars“. Astrophysical Journal. 458: 600. Bibcode:1996ApJ...458..600B. doi:10.1086/176842.
- ↑ Ushomirsky, G.; Matzner, C.; Brown, E.; Bildsten, L.; и др. (1998). „Light-Element Depletion in Contracting Brown Dwarfs and Pre-Main-Sequence Stars“. Astrophysical Journal. 497 (1): 253–266. arXiv:astro-ph/9711099. Bibcode:1998ApJ...497..253U. doi:10.1086/305457.
- ↑ Converse, Joseph M. & Stahler, Steven W. (2010). „The dynamical evolution of the Pleiades“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 405 (1): 666–680. arXiv:1002.2229. Bibcode:2010MNRAS.405..666C. doi:10.1111/j.1365-2966.2010.16505.x.
- ↑ Gibson, Steven J.; Nordsieck, Kenneth H. (2003). „The Pleiades Reflection Nebula. II. Simple Model Constraints on Dust Properties and Scattering Geometry“. Astrophysical Journal. 589 (1): 362–377. Bibcode:2003ApJ...589..362G. doi:10.1086/374590.
- ↑ ScienceDaily (2007). „Planets Forming In Pleiades Star Cluster, Astronomers Report“. Посетено на 2012-11-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Плејади (ѕвездено јато)“ на Ризницата ? |
- The Pleiades на WikiSky: DSS2, SDSS, GALEX, IRAS, Водород α, Рендгенски, Астрофото, Ѕвездена карта, Статии и слики
- The Pleiades (M45) At the astro-photography site of T. Yoshida.
- Photos and information on the Pleiades from the University of Calgary
- Information on the Pleiades from SEDS
- Information and images from the Anglo-Australian Observatory
- NightSkyInfo.com: The Pleiades
- Maya Astronomy
- Doppler Imaging: Results Архивирано на 8 февруари 2012 г. first Doppler image of a Pleiades solar-type G dwarf – HII314, Strassmeier & Rice 2001, A&A 377, 264
- Dark Atmospheres Photography (deep nebulosity exposure)
- WEBDA open cluster database webpage on Pleiades cluster – E. Pauzen (Univ. Vienna)
- Hurst, John; Lawrence, Pete; Crowther, Paul. „M45 – The Pleiades“. Deep SkyVideos. Brady Haran.
- The Pleiades (M45) at Constellation Guide
- Warburg Institute Iconographic Database (over 50 medieval and early modern images of the Pleiades) Архивирано на 4 март 2016 г.
|
Координати: 03ч 47м 24с, + 24° 07′ 00″
|