Тарагона (покраина)
Тарагона | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Покраина Тарагона Província de Tarragona (каталонски) Provincia de Tarragona (шпански) | |||
Местоположба на покраината Тарагона во Шпанија | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Каталонија | ||
Престолнина | Тарагона | ||
Управа | |||
• Претседател | Ноеми Љаурадо (ЕРЦ) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 6,303 км2 (2,434 ми2) | ||
Ранг | 39. | ||
Население | |||
• Вкупно | 795,902 | ||
• Ранг | 18. | ||
• Густина | 130,000/км2 (330,000/ми2) | ||
(2018) | |||
Службени јазици | каталонски и шпански | ||
Парламент | Парламент на Шпанија Парламент на Каталонија | ||
Мреж. место | dipta.cat |
Тарагона - покраина во јужниот дел на Каталонија. Граничи со покраините Кастељон, Теруел, Сарагоса, Љеида и Барселона и со Средоземното Море.
Населението во покраината е 795.902 (2018), од кои околу една петтина живеат во главниот град Тарагона. Некои од поголемите градови во покраината Тарагона се Реус, Салоу, Ел Вандрељ, Тортоса, Ваљс, Ампоста. Оваа покраина има 183 општини. Покраината има неколку места за светско наследство и е познато туристичко одредиште. Постојат римокатолички катедрали во Тарагона и Тортоса.
Историја
[уреди | уреди извор]По омеидското освојување на Хиспанија кон крајот на осмиот век, овој дел на Шпанија се нашол под контрола на Омеидскиот калифат и повеќето од Иберскиот Полуостров бил познат како Ал-Андалус, а во него доминирале муслиманските владетели. Абд ал-Рахман I основал независна династија која опстанала во регионот сè до 11 век. После освојувањето на муслиманите, епископс��ата Тарагона се наоѓала под јурисдикција на митрополитите на Нарбона или Ош во јужна Франција. Во 1089 година, ова било реорганизирано, и таа била под јурисдикција на Вичката епископија, а во 1118 година, откако била преосвоена Тарагона, била основана Римокатоличката архиепископија Тарагона.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Покраината Тарагона е на североисток на Шпанија со брег на Средоземното море. Голем дел од покраината е ридски или планински и главно обележје е широката долина на реката Ебро и крајбрежната рамнина во која во позадина ѝ се каталонските гори. Општо, индустрискиот развој е на брегот, а внатрешноста е претежно шумска и земјоделско земјиште. Средоземното море лежи на југоисток од покраината, покраината Барселона лежи на североисток, Љеида лежи на север, Сарагоса на северозапад, Теруел на запад и Кастељон на југозапад.[2] Климата е средоземна со топли, суви лета и топла, влажна зима.[3]
Областа на покраината е 6,500 км2. Главните земјоделски култури се житарки, грозје, овошје, маслинки, коноп и свила. Покраината има некои минерални суровини; пронајдени се бакар, олово и сребро, а варовник и мермер се ископуваат.[4] Ископувањата како ресурс предизвикале опаѓање на нивото на подземните води и околината е погодена од пристигнувањето на инвазивни видови како што е школката зебра мусел во резервоарот Риба-роја д'Eбре на Ебро, инвазивната риба Гамбусија во делтата на Ебро и загадувањето со хемикалии во резервоарот Фликс покрај кој има хемиски индустрии и хидроцентрала.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ O'Callaghan, Joseph F. (2013). A History of Medieval Spain. Cornell University Press. стр. 307. ISBN 978-0-8014-6871-1.
- ↑ Philip's Modern School Atlas. George Philip & Son. 1973. стр. 37. ISBN 0-540-05278-7.
- ↑ 3,0 3,1 Lewis, Lowell (јули 2013). Catalonia and California: Sister States. Author House. стр. xiii, 193. ISBN 978-1-4817-7032-3.
- ↑ Bozman, E.F. (1966). Everyman's Encyclopaedia: Volume 11. J.M. Dent and Sons. стр. 575.
|
|