Теодорих II (бургундски крал)
Теодорих II исто така нарекуван и Теодорих II (587 - 613) е крал на Бургундија (595 - 613) и на Австразија (612 - 613). Тој е син на Хилдеберт II и на кралицата Фалеба, и внук на Брунхилда (543 - 613).
Животопис
[уреди | уреди извор]Пораснат во Алзас потоа именуван за крал на Бургундија по смртта на неговиот татко, не успева во обидот да ја земе Австразија, кралството на неговиот постар брат Теодеберт II (585-612), поради што во 610 меѓу нив започнува братоубиствена војна.
Откако кралицата Брунхилда била избркана од дворецот на Австразија, тој ја земал под негова заштита заедно со неговата помлада сестра Теодилана.
Во 607 се оженил со ќерката на визиготскиот крал Витерик, принцеата Ерменберга, со којашто се развел и му ја вратил на татко и. Добил четири сина од неколку негови конкубини, Сигеберт, Корбус, Хилдеберт и Меровех по што бил осуден од страна на Св. Коломбан кој одбил да ги благослови неговите деца под изговор дека биле "родени од проститутки".
Теодорих II го победил својот постар брат во Битката кај Тул и кај Толбијак во 612, по што го освоил кралството на Австразија убивајќи го брата си и неговиот син Меровех.
Но тој умрел една година подоцна, во 613, или од отров или од дизентерија[1], оставајќи го своето кралство на синот Сигеберт II кој воопшто не владеел бидејќи бил заробен со брат му Корбус а потоа и двајцата биле убиени по наредба на Хлотар II. За судбината на Хилдеберт не се знае додека последниот од синовите, Меровех, по наредба на Хлотар II, бил затворен во некој манастир до крајот на неговиот живот.
После елиминацијата на синовите на Теудеберт II и погубувањето на старата кралица Брунхилда во 613, Хлотар II кралствата на Австразија и на Бургундија ги припоил кон Неустрија станувајќи на тој начин единствен крал на Франките.
Извори
[уреди | уреди извор]- Frédégaire, Chronique des Temps Mérovingiens.
Надворешни извори
[уреди | уреди извор]Les rois des Francs - LES MEROVINGIENS (481 - 639)
- Wallace-Hadrill, J.M., translator. The Fourth Book of the Chronicle of Fredegar with its Continuations Connecticut: Greenwood Press, 1960.
Теодорих II (бургундски крал) Роден(а): 587 Починал(а): 613
| ||
Претходник Хилдеберт II |
Крал на Бургундија 595–613 |
Наследник Сигеберт II |
Претходник Теодеберт II |
Крал на Австразија 612–613 |
|
|