Прејди на содржината

Loud

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Loud“
Студиски албум од Ријана
Издаден12 ноември 2010
(историја на издавање)
Снименфевруари-август 2010
ЖанрР&Б, денс-поп, поп
Траење46:38
Издавачка куќаDef Jam
Ријана — Хронологија
Rated R
(2009)
Loud
(2010)
Издадени песни од Loud
  1. "Only Girl (In the World)"
    Издадена: 10 септември 2010
  2. "What's My Name?"
    Издадена: 29 октомври 2010
  3. "S&M"
    Издадена: 25 јануари 2011

Loud e петтиот студиски албум на барбадоската пејачка Ријана, издаден на 12 ноември 2010 од страна на Def Jam Recordings. Снимачките сесии и продукцијата за албумот се случија од февруари до август 2010, за време на Last Girl on Earth турнејата на Ријана која имаше за цел да го промовира нејзиниот претходен албум Rated R. За албумот, Ријана има работено со неколку музички продуценти вклучувајќи ги СтарГејт, Ранерс, Полоу да Дон. Трики Стјуарт, Алекс да Кид и други. Loud е албум исполнет со денс-поп и поп песни, со брзо темпо и клуб-ориентиран стил. Со овој албум Ријана се враќа на нејзиниот денс стил од 2006 кој го имаше со албумот A Girl Like Me.

Албумот дебитираше на прво место на канадската и швајцарската табела на албуми. Loud влезе на број три на Американскиот Billboard 200, продавајќи 207,000 копии во првата недела од неговото издавање во Соединетите Држави, што го прави најмногу продаден албум на Ријана во неговата прва недела. Две издадени песни, вклучени во Loud направија голем успех на табелите низ светот. Тоа се меѓународниот хит „Only Girl (In the World)“ и „What's My Name?“. И двете песни го достигнаа првото место во САД. Од неговото издавање, албумот доби, најмногу позитивни критики од музичките критичари.

Во јуни 2010, беше објавено дека Ријана во блиска иднина планира да го издаде нејзиниот петти студиски албум.[1] Снимачките сесии за албумот започнале уште во февруари 2010 година,[2] и продолжиле во период од шест месеци, завршувајќи во август 2010.[3] Пејачите, композиторите и продуценти Тајо Круз,[4] Алекс да Кид,[5] Шон Гарет,[6] Не-Јо,[7] Рико Лав, Тимбеленд,[8] Шонтел,[9] Дејвид Гета[10] и Дрејк[11] работеа на албумот. „Ќе ми недостига ерата на Rated R, но ништо не може да се спореди со албумот којшто го направив“, рече Ријана, додавајќи, „Сигурна сум дека нема да се разочарате од мојата музика. Вие дечки секогаш ме браните, па еве сега имате неколку добри песни со коишто јас ќе го оправдам тоа. Не сакав да се враќам назад и да го ре-издадам Good Girl Gone Bad. Сакав да ви прикажам нов чекор во еволуцијата на Ријана и тоа е одлично за сите нас“.[3] Во ран септември 2010, таа изјави дека албумот ќе се вика „Loud“ притоа додавајќи „станете гласни (loud) сите, бидете луди, бидете возбудени, затоа што јас сум исто. Јас само ќе бидам онаква каква сум, затоа што вие дечки сакате највеќе, и тоа ме прави да се чувстувам добро. Само да бидеш нормален, а нормален за мене е да си гласен (loud)! Фенси, забавно, флертувачко, енергично.“[3] Додека Ријана беше на снимањетио на филмот Battleship, таа во интервју за Entertainment Tonight објасни: „Гласно (loud) е, зборот, името на албумот го опишува баш неговото однесување, доста е фенси и флертувачки и со тоа го зема твоето внимание и прави да уживаш во него. Те носи низ едно многу интересно возење. Тоа е многу разнобоен албум.“[12] Илустрациите за албумот беа објавени на 28 септември 2010.[13]

Песните од албумот беа напишани од страна на Шонтел,[14] Истер Дин[15] и Ники Минаж.[16] Старгејт продуцираа физинг синтисајзери, клуб бутови и синг-алонг надпеења од кои силно се истакнуваат три песни на албумот, „Only Girl (In the World)“, „What's My Name?“ и „S&M“. „Cheers“, на која песна Ријана се обраќа и според нејзиниот работен наслов „Drink to That“ e фанки, гитара песна со која Ријана се обраќа на градот и излегувањата на младите. Таа содржи дел од песната на Аврил Лавињ, „I'm With You“. „California King Bed“ е акустична балада.„S&M“ е најгласната песна на албумот. Ријана ја опиша „Raining Men“ како „многу интересна песна. Доста оригинална. Таа е со брзо темпо, но интересна и задирлива.“[16] Ријана и Дрејк го опишаа нивниот дует, „What's My Name“ како „младешка“ и „разиграна“ песна.[17]

Издавање и промоција

[уреди | уреди извор]

Издадени песни

[уреди | уреди извор]

Водечкиот сингл од албумот „Only Girl (In the World)“ беше издаден на 10 септември 2010.[18] Песната беше испратена на американското матица и ритмично радио на 21 септември 2010.[19] Песната го достигна првото место на американската музичка табела Billboard Hot 100. Исто така стана и број еден хит во Велика Британија, Канада, Австралија, Австрија, Белгија (Валонија), Ирска, Израел, Италија, Нов Зеланд, Норвешка и Словачка.[20][21]What's My Name?“ беше издадена како втора официјална песна од албумот на 29 октомври 2010 со веќе снимено музичко видео.[22] На 21 октомври 2010 Billboard објавил дека верзијата на песната во која се појавува Дрејк направила силен дебит и тоа на 67 место.[23] Во некои европски земји беше реализиран на 29 октомври 2010 и подоцна во САД на 1 ноември.[24] Го достигна првото место на Billboard Hot 100, со што стана деветтиот број 1 американски сингл го на Ријана во нејзината кариера.[25][26]

Според Ријана, моменталниот план е таа да ја издаде „S&M“ како трет сингл, со план тој да се појави со „неочекувано“ музичко видео.[22][27] Сепак, во скорешно радио интервју Ријана изјави дека сака нејзините обожаватели да го изберат нејзиниот трет сингл споменувајќи ги „S&M“ и „Cheers“ како варијанти за избор.[28] Додека се прави изборот за трет сингл „Raining Men“ беше издадена на американското Urban radio на 7 декември 2010.[29] Во меѓувреме „S&M“ се искачи на 72 место на канадската сингл табела, на 53 на американскиот Billboard Hot 100, на 55 место на британската сингл табела, како и на 4 место на норвешката табела.[30][31][32]

Список на песни

[уреди | уреди извор]
Бр. НасловТекстописциProducer(s) Траење
1. S&M“  Микел Ериксен, Тор Хермансен, Сенди Вилхелм, Истер ДинСтаргејт, Сенди Ви 4:04
2. What's My Name?(заедно со Дрејк)Хермансен, Ериксен, Трејси Хејл, Дин, Обриј ГрахамСтаргејт 4:23
3. „Cheers (Drink to That)“  Ендру Хар, Џерман Џексон, Стејси Барти, Лора Перголици, Кори Гибсон, Крис Ајвери, Лорен Кристи, Грахам Едвардс, Аврил Лавињ, Скот СпокРанерс 4:22
4. „Fading“  Џемал Џонсон, ДинПолоу да Дон 3:20
5. Only Girl (In the World)“  Кристал Џонсон, Ериксен, Хермансен, ВилхелмСтаргејт, Сенди Ви 3:55
6. „California King Bed“  Хар, Џексон, Пришила Ринеа, Алекс ДеликатаРанерс 4:12
7. „Man Down“  Шема Џозеф, Тимоти и Терон Томас, Шонтел ЛејнШем 4:27
8. „Raining Men“ (заедно со Ники Минаж)Мелвин Хух II, Ривелино Воутер, Тимоти и Терон Томас, Оника МарајМел & Мјуз 3:45
9. „Complicated“  Кристофер Стјуарт, ДинТрики Стјуарт, Дин 4:18
10. „Skin“  Кенет Коби, Урсула ЈансиСаундц 5:04
11. Love the Way You Lie (Part II)(заедно со Еминем)Александар Грант, Холи Хаферман, Маршал МатерсАлекс да Кид 4:56
Забелешки
  • Во "Cheers (Drink to That)" е вклучен дел од „I'm With You“ на Аврил Лавињ напишана од страна на Лавињ, Лорен Кристи, Грахам Едвардс и Скот Спок.
  • "Fading" вклучува пример од „One By One“, песна на Енија од албумот A Day Without Rain.[36]

Историја на издавање

[уреди | уреди извор]
Регион Датум Продуцентска куќа Формат
Австралија[37] 12 ноември 2010 Universal Music ЦД, дигитално подигнување
Германија[38]
Република Ирска[39]
Холандија[40]
Франција[41] 12 ноември 2010
Филипини[42]
Нов Зеланд[43]
Португалија[44]
Велика Британија[45] Mercury Records
Мексико[46] 16 ноември 2010 Universal Music
САД[47] Def Jam Recordings
Шведска[48] 17 ноември 2010 Universal Music
Полска[49] 19 ноември 2010
Бразил[50] 30 ноември 2010
Кина[51] 14 декември 2010
Јапонија[52][53] 19 јануари 2011
  1. Rihanna’s Next Album To Rival ‘Thriller’? Архивирано на 23 јуни 2010 г. MTV UK (MTV Networks). 2010-06-19. Retrieved 2010-10-15.
  2. Jocelyn Vena (2010-03-03) Rihanna Working On New Album, Producer Confirms Архивирано на 30 јуни 2012 г. MTV News (MTV Networks). Retrieved 2010-10-15.
  3. 3,0 3,1 3,2 Gil Kaufman (2010-09-07) Rihanna Reveals Title of New Album Архивирано на 6 септември 2012 г. MTV News (MTV Networks). Retrieved 2010-10-15.
  4. Rihanna Working With Taio Cruz On New Album Архивирано на 3 мај 2010 г. MTV UK (MTV Networks). 2010-04-30. Retrieved 2010-10-15.
  5. Cline, Georgette "Rihanna Working with Producer Alex Da Kid on New Album". Rap-Up.com. Retrieved 2010-07-27.
  6. "SEAN GARRET PENS RIHANNA'S NEXT ALBUM" Архивирано на 19 април 2015 г. MTV Base (MTV Networks). 2010-03-02. Retrieved 2010-10-15.
  7. "Rap-Up TV: Ne-Yo Reveals Album Details, Alter-Ego, & Writing for Rihanna" Архивирано на 22 февруари 2014 г. Rap-Up.com – Retrieved 2010-07-27.
  8. Timberland and Rico Love Working On New Rihanna Album Архивирано на 22 февруари 2014 г. Rap-Up.com – Retrieved 2010-09-21.
  9. Kim Dawson (2010-09-18) JLS to conquer USA with help of Shontelle Daily Star (Northern and Shell Media Publications). Retrieved 2010-10-15.
  10. James Montgomery (2010-09-27) Rihanna Shoots Video For Loud Track "What's My Name?" Архивирано на 18 декември 2010 г. MTV News (MTV Networks). Retrieved 2010-10-15.
  11. Drake working with Rihanna Billboard. Retrieved 2010-10-15.
  12. Rihanna Unveils Loud Album Cover Архивирано на 12 мај 2013 г. top40.about.com – 2010-09-29. Retrieved 2010-10-15.
  13. LOUD Cover Revealed! Архивирано на 3 октомври 2010 г. www.rihannanow.com – Retrieved 2010-10-15.
  14. Shontelle and Rihanna hook up Архивирано на 15 октомври 2010 г. MTV Base (MTV Networks). 2010-10-10. Retrieved 2010-10-15.
  15. Rihanna the Billboard Cover Story. Billboard. Retrieved 2010-10-15.
  16. 16,0 16,1 Jocelyn Vena (2010-10-12) Rihanna Sings Praises Of Loud Collaborator Nicki Minaj Архивирано на 1 декември 2020 г. MTV News (MTV Networks). Retrieved 2010-10-15.
  17. Mawuse Ziegbe (2010-10-08) Rihanna Calls Drake The 'Only Person' For 'What's My Name' Remix Архивирано на 13 декември 2010 г. MTV News (MTV Networks). Retrieved 2010-10-15.
  18. Only Girl (In the World) – Single by Rihanna iTunes Store (Australia). Retrieved 2010-09-10.
  19. 'Only Girl (In the World)' Mainstream date“. AllAccess. All Access Music Group. 2010-09-02. Посетено на 2010-09-11.
  20. Rihanna - Only Girl (in The World) - Music Charts. Acharts.us (2010-01-13). Посетено на 2010-12-12.
  21. Girl (In The World) chart peaks. Billboard. Retrieved 2010-10-15.]
  22. 22,0 22,1 Jocelyn Vena (2010-09-30) Rihanna Shoots Video for "What's My Name" Off Upcoming Album, Loud Архивирано на 20 ноември 2010 г. MTV News (MTV Network). Retrieved 2010-10-03.
  23. Weekly Chart Notes: Far East Movement, Lil Wayne, Suzanne Vega – Chart Beat| Billboard.com Billboard. Retrieved 2010-11-12.
  24. „What's My Name: Rihanna“. Amazon.com. Посетено на November 3, 2010.
  25. Trust, Gary (10 November 2010). „Rihanna's 'What's My Name?' Rockets to No. 1 on Hot 100 | Billboard.com“. Billboard. Посетено на 12 November 2010.
  26. Trust, Gary (11 November 2010). „Weekly Chart Notes: Rihanna, Mariah Carey, Michael Jackson – Chart Beat | Billboard.com“. Billboard. Посетено на 12 November 2010.
  27. Kim Dawson (2010-10-07) Rhythm 'n booze: Rihanna Is SO saucy Daily Star (Northern and Shell Media Publications). Retrieved 2010-10-15.
  28. „Licensed Content Access Request“. Elvisduran.com. Архивирано од изворникот на 2011-12-13. Посетено на 2010-11-25.
  29. ®R&R :: Going For Adds™ :: Urban[мртва врска]. Gfa.radioandrecords.com (2010-12-07). Посетено на 2010-12-12.
  30. „Singles Top 40 from the Official UK Charts Company“. Theofficialcharts.com. Посетено на 2010-11-29.
  31. „Rihanna: S&M – VG-lista. Offisielle hitlister fra og med 1958“. Lista.vg.no. 2006-06-01. Посетено на 2010-11-29.[мртва врска]
  32. Up for Discussion Jump to Forums. „S&M – Rihanna“. Billboard.com. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 2010-11-29.
  33. Loud by Rihanna on HMV. HMV.co.jp. Посетено на 2010-12-28.
  34. Loud by Rihanna – Preorder Loud on iTunes. iTunes Store. Посетено на 2010-11-01.
  35. Loud [Deluxe Edition] – Rihanna | AllMusic. AllMusic.
  36. „Rihanna casts off her teen pop persona“. Dfw.com. 2010-11-16. Посетено на 2010-11-29.
  37. LOUD | Music, Music Genres, Pop/Rock: JB HI FI Архивирано на 21 октомври 2012 г. JB Hi-Fi. Retrieved 2010-09-24.
  38. Loud: Rihanna: Amazon.de: Music Amazon.de – Retrieved 2010-09-24.
  39. Loud by Rihanna – Download Loud on iTunes
  40. bol.com | Loud, Rihanna | Muziek Архивирано на 7 октомври 2010 г. www.bol.com – Retrieved 2010-10-15.
  41. Loud: Rihanna: Amazon.fr: Musique www.amazon.fr Retrieved 2010-11-01.
  42. Rihanna's LOUD Архивирано на 23 јули 2011 г.. Odysseylive (2010-11-09). Посетено на 2010-12-12.
  43. Rihanna - Loud (CD+DVD) | CD WOW! New Zealand Архивирано на 23 јули 2012 г.. Cdwow.co.nz. Посетено на 2010-12-12.
  44. „RIHANNA, LOUD CD + DVD“ (португалски). CDGO. Архивирано од изворникот на 2011-12-13. Посетено на 2010-12-13.
  45. Loud: Rihanna: Amazon.co.uk: Music Amazon.co.uk. Retrieved 2010-09-24.
  46. Mixup Music Store Архивирано на 12 октомври 2011 г.. Mixup.com.mx (2009-11-25). Посетено на 2010-12-12.
  47. Loud: Rihanna: Amazon.com: Music Amazon.com. Retrieved 2010-09-18.
  48. Loud: Rihanna: Cdon.se: Music Cdon.se. Retrieved 2010-11-09.
  49. universalmusic.pl | Rihanna come back with a new album | DziadekElvis Архивирано на 23 јули 2012 г. www.universalmusic.pl – Retrieved 2010-11-01.
  50. Loud – Rihanna (Brazil release date)[мртва врска] www.livrariacultura.com.br – Retrieved 2010-11-18.
  51. Loud: Rihanna: Amazon.cn: Music[мртва врска] Amazon.cn. Retrieved 2010-10-23.
  52. Loud – Rihanna (Japan CD release date) http://www.cdjapan.co.jp – Retrieved 2010-11-18.
  53. Loud – Rihanna (Japan CD+DVD release date) http://www.cdjapan.co.jp – Retrieved 2010-11-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]