Dream Theater
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
| |||
Лево кон десно: Џон Мјанг, Џон Петручи, Џејмс ЛаБри, Џордан Рудес, Мајк Портној. | |||
Информации | |||
Потекло | САД | ||
Жанрови | Прогресивен метал Прогресивен рок | ||
Активни | 1985 - денес | ||
Издавач | Atlantic | ||
Мрежно место | www.dreamtheater.net | ||
Членови | |||
Џејмс ЛаБри Џон Мјанг Џон Петручи Мајк Портној Џордан Рудес | |||
Поранешни членови | |||
Мајк Менџини Дерек Шерениан Кевин Мур Чарли Доминичи Крис Колинс |
Dream Theater се прогресивна метал група, формирана од три студенти на музичкиот универзитет Беркли во 1985. Во дваесет и едната година од нивното формирање тие постанаа едни од комерцијално најуспешните прогресивни групи, по актуелноста на прогресивниот рок во средината на седумдесеттите години, иако се релативно непознати во мејнстрим поп и рок круговите. Нивните два најдобро продавани албуми се: Податотекаs and Words (македонски: Слики и зборови) од 1992 кој стана златен албум и се смета за зачеток на прогресивниот метал, иако достигна само до местото број 61 на Billboard 200 топ-листата; и Octavarium од 2005, кој достигна до местото број 36 место на Билборд 200.
Групата е добро позната по техничкиот квалитет на секој инструменталист, освојувајќи многу награди од музички магазини. Тие се високо ценети од страна на голем број од најславните имиња на рок и метал музиката, што често доведува до соработка помеѓу членовите на Dream Theater со многу други добро познати музичари. Во славен пример, гитаристот Џон Петручи беше именуван за трет гитарист на турнејата G3 со Стив Ваи и Џо Сатриани, следејќи ги стапките на Ерик Џонсон, Роберт Фрип, Ингви Малмстин и други влијателни гитаристи.
Dream Theater се забележливи исто така по нивната музичка разновидност и многуте музички жанрови кои нивната музика ги вклучува, што им овозможува низ текот на годините да настапуваат со различен спектар на изведувачи. Некои од нивните највпечатливи партнери се Deep Purple, Emerson Lake and Palmer, Iron Maiden, Joe Satriani, King's X, Marillion, Megadeth, In Flames, Pain of Salvation, Porcupine Tree, Queensrÿche, Spock's Beard, Fear Factory, Enchant, Symphony X, и Yes. Во 2005, Dream Theater беа на турнеја низ Северна Америка со фестивалот Gigantour каде што беа главно име заедно со Megadeth.
Постава
[уреди | уреди извор]Моментални членови
[уреди | уреди извор]- Џејмс ЛаБри - вокали и перкусија (1991 - досега)
- Џон Петручи - гитари и следечки вокали (1985 - досега)
- Мајк Портној - тапани, перкусија и следечки вокали (1985 - 2010, 2023 - досега)
- Џон Мјанг - бас и чапманов стик (1985 - досега)
- Џордан Рудес - клавијатури, хавајска гитара, и континуум (1999 - досега)
Поранешни членови
[уреди | уреди извор]- Крис Колинс - вокали (1985-1986)
- Чарли Доминичи - вокали (1987- 1990)
- Кевин Мур - клавијатури (1985-1994)
- Дерек Шерениан - клавијатури (1995-1999)
- Мајк Менџини - тапани, перкусја (2010-2023)
Историја
[уреди | уреди извор]Главна статија: Историја на Dream Theater
1985 - 1990
[уреди | уреди извор]Dream Theater бил оформен како група во 1985 од гитаристот Џон Петручи, басистот Џон Мјанг и тапанарот Мајк Портној додека студирале на музичкиот факултет Беркли во Бостон, Масачусетс. Кевин Мур, другар на Петручи од средно училиште, бил регрутиран како клавијатурист, додека пак Крис Колинс како вокалист.
Квинтетот се договорил за името Majesty за нивната ново-формирана група (име инспирирано од описот на Портној на крајниот дел на „Bastille Day“ на групата Rush), и трите студенти на Беркли се откажале од училиштето за да се концентрираат на групата.
Нивниот прв поголем снимен проект бил насловен Majesty demos (македонски: демата на Majesty), колекција на идеи и дема кои биле издадени во 1986. Првичниот тираж од 1.000 бил распродаден за шест месеци, и дабовани копии на аудио касетите брзо се рашириле на сцената на прогресивниот метал низ целиот свет.
Во секој случај, во ноември 1986, по неколку месеци на компонирање и настапување заедно, Крис Колинс ја напуштил групата поради креативни разлики со другите членови. По една година обиди да се пронајде замена, Чарли Доминичи, кој бил далеку постар и поискусен од било кој друг во групата, успешно поминал на аудицијата за влез во групата. Со стабилноста која назначувањето на Доминичи ја донела на Majesty, тие започнале да свират на сè поголем број на шоуа во областа на Њујорк и се здобиле со значително количество на внимание за група која сè уште немала издадено албум.
Кратко откако Доминичи се приклучил кон групата тие биле приморани да го променат своето име кога друга група под името Majesty се заканила со легални мерки. Се размислувало за разни имиња сè додека таткото на Портној не го предложил името Dream Theater (македонски: Театар на сништата), име на сега веќе рушениот филмски театар во Монтереј, Калифорнија.
Тие го потпишале нивниот прв договор за албум со Mechanic (дел од Music Corporation of America), во 1988 и го снимиле нивниот деби албум. Албумот не бил голем успех.
When Dream and Day Unite бил издаден во 1989 со многу помалку фанфари отколку што се очекувало. Mechanic ги откажале повеќето од финансиските ветувања кон групата пред потпишувањето на договорот, така што тие биле ограничени да свират околу областа на Њујорк. Промоционалната турнеја за албумот се состоела од само пет концерти, сите од кои биле или во Њујорк или Род Ајленд[1].
По четвртата од овие свирки Доминичи бил отпуштен поради лични и креативни разлики помеѓу него и остатокот од групата. Но, кратко потоа Марилион ги замолиле Dream Theater за свирка во Риц хотелот во Њујорк, така што на Доминичи му била дадена шансата да настапува за последен пат. Дури две години после тоа Dream Theater назначуваат постојан пејач во поставата.
1991 - 1994
[уреди | уреди извор]По отпуштањето на Доминичи Dream Theater успешно се избориле за ослободување од нивниот договор со Mechanic, и започнале со аудиција на пејачи и со пишување на материјали за нивниот следен албум. Во времето додека да обезбедат вокалист, тие го напишале поголемиот дел од музиката за она што подоцна станало нивен втор албум - Податотекаs and Words.
Во нивното барање за нов пејач тие примиле на аудиција над 200 луѓе, меѓу кои и поранешниот фронтмен на Fates Warning - Џон Арч, но сите биле одбиени поради различни причини. Во 1991 им пристигнала аудио касета од канадскиот пејач на бендот Winter Rose - Кевин Џејмс ЛаБри, кој бил веднаш превезен до Њујорк за правилна аудиција. По кратка пробна сесија тој бил примен за пејач со полно работно време, и започнал да го користи неговото средно име, Џејмс, за да се избегне забуна помеѓу него и Кевин Мур.
Следните неколку месеци, групата продолжила со свирење и работела на вокалните делови за сета музика која ја имале напишано до таа точка. Издавачката куќа ATCO (сега издавачка куќа EastWest) потпишала договор со Dream Theater за седум албуми и демо со три песни (подоцна објавено во јавноста како The ATCO Demos преку фан клубовите на Dream Theater).
Првиот албум кој бил издаден според нивниот нов договор бил Images and Words во 1992, првиот од многуте албуми на Dream Theater снимени во студијата BearTracks. Песната „Pull Me Under“ се здоби со голема слушаност и популарност на радио, и како резултат издавачката куќа издаде видео клип за промоцијата, којшто имаше голема ротација на MTV.
Успехот на „Pull Me Under“, комбиниран со неуморните турнеи низ САД и Јапонија помогнаа Images and Words да стане златен албум во САД и платинест албум во Јапонија. Албумот наиде на одобрување од критичарите и се смета за најважен албум во развојот на прогресивниот метал. Тој албум е комерцијално најуспешниот албум на Dream Theater од сите.
Следела турнеја на Европа во 1993, во која што било вклучено шоу во популарниот лондонски џез клуб „The Marquee“. Тоа шоу било снимено и издадено како Live at the Marquee, првиот официјален албум на Dream Theater во живо, и видео компилација на нивните јапонски концерти (измешани со снимки во документарен стил од делот од турнејата зад сцената) била издадена како Податотекаs and Words: Live in Tokyo.
Желни да работат на свеж материјал, Dream Theater се повлекле во студиото во мај 1994. Сесиите од 1994 биле првите во кои Dream Theater пишувале музика како целина која била специфично наменета за еден албум, бидејќи Images and Words бил целосно компониран без вокалист и со несигурна иднина што се однесува на снимањето.
Awake, третиот студиски албум на Dream Theater, бил издаден во октомври 1994. На него се наоѓаа�� песни со прилично потежок звук од претходните изданија на групата, што предизвикало критики од страна на долго-годишните обожаватели, не сепак бил добро прифатен од страна на критичарите и со тоа групата се здобила со нови обожаватели. Кратко по снимањето на албумот Мур им кажал на другите членови на групата дека сака да се концентрира на своите музички интереси и дека ќе се откаже од Dream Theater. Ова го разнишало бродот на група која уживала само две години стабилност по нестабилна прва полудеценија, но Мур не бил повеќе заинтересиран за живот на музичар кој прави турнеи ниту пак за брендот на прогресивен метал кој го изведува Dream Theater, па така двете странки заминале по своите патишта.
Како резултат на тие вести, групата морала да се тревожи да пронајде замена на клавијатури наместо да организира турнеи.
Џордан Рудес, музичар во подем кој бил релативно непознат до таа точка, бил поканет да свири на пробна свирка со Dream Theater со надеж дека ќе биде примен. Свирката, во Бурбанк, Калифорнија, поминала добро но наместо тоа, Рудес се решил да ја прифати поканата од The Dixie Dregs и да настапува со нив. Дерек Шерениан бил донесен како привремен, но заклучно со промоционалната турнеја наAwake, Шерениан бил новиот клавијатурист на Dream Theater со полно работно време.
1995 - 1998
[уреди | уреди извор]По петицијата на обожавателите до издавачката куќа EastWest, групата ја снимила нивната претходно неиздадена песна „A Change of Seasons“ и ја дистрибуирале како мини-албум (EP) со колекција од живи преработки. По серија кратки концерти за промоција на мини-албумот, Dream Theater влегле повторно во студиото за изработување на нивниот нов албум.
Сè на сè, биле напишани песни во времетраење од скоро два компакт дискови вклучувајќи и 20-минутен следбеник на песната од Images and Words - „Metropolis Part 1: The Miracle and the Sleeper“. Но, издавачката куќа не го дозволила издавањето на двоен албум бидејќи сметале дека 140-минутен албум не би бил прифатлив за јавноста, па така половина од песните морало да бидат отстранети.
Со притисокот кој го вршела издавачката куќа врз бендот да присвојат звук кој е повеќе мејнстрим, EastWest го донеле продуцентот Дезмонд Чајлд да работи со Петручи на повторното пишување на текстот за неговото демо „You Or Me“ (македонски: „Ти или јас“). Целата група од корен ја преработила музиката за таа песна, и таа се појавила на албумот насловена како „You Not Me“ (македонски: „Ти не јас“), во форма која едвај е слична на оригиналот.
Материјалот кој се нашол на албумот бил издаден како Falling Into Infinity, албум кој добил мешан прием од традиционалните обожаватели на групата. И покрај тоа што албумот содржел некои многу прогресивни звуци, песните како „Hollow Years“ (македонски: „Шупливи години“) и „You Not Me“ (македонски: „Ти не јас“) ги натерале некои да веруваат дека тоа е зора на нов, мејнстрим ориентиран Dream Theater, исто како што издавањето на Empire претходно го донесе истото престројување за Queensrÿche. Албумот бил и критичко и комерцијално разочарување.
Во скорешните години, албумот е рехабилитиран до некој степен, и интересот се вратил кога Портној посочил дека неискористените песни - вклучувајќи попрогресивни песни како „Raise the Knife“ - ќе бидат издадени преку издавачката куќа на Портној YtseJam.
За време на европскиот дел од светската турнеја Falling Into Infinity, два настапи биле снимени за албум во живо насловен како Once In A LIVEtime, во Франција и Холандија. Албумот бил издаден одблизу во истото време како и спотот 5 Years in a LIVEtime, кое го прикажувало времето од напуштањето на групата на Кевин Мур па сè до промоционалната турнеја Falling Into Infinity.
Во 1997, Мајк Варни од издавачката куќа Magna Carta го поканил Портној да создаде прогресивна супергрупа која би работела на албум кој би станал прв во долга низа на странични проекти на членовите на Dream Theater. Поставата на која се согласиле сите се состоела од Портној на тапани, Петучи на гитара, Тони Левин од King Crimson на бас, и Џордан Рудес, кој тогаш завршил со The Dixie Dregs, на клавијатури. Групата го добила името Liquid Tension Experiment и би дејстувала како медиум преку кој Портној и Петручи би можеле до го убедат Рудес да се им се придружи во Dream Theater. Тие го поканиле да им се придружи во 1999 и тој ја прифатил понудата да стане третиот клавијатурист на Dream Theater. Жалосно за Шерениан, ова значело дека тој останува без работа. Во секој случај, Шерениан и на неговото мрежно место и во неколку интервјуа изјавил дека отпуштањето не било толку голема работа и дека на некој начин ѝ бил благодарен на групата за отпуштањето бидејќи така можел да ја проучи својата музичка способност и да се изразува на начин на кој тој сакал.
1999 - Сегашност
[уреди | уреди извор]Вооружени со уште еден нов член, Dream Theater влегле во студиото на BearTracks уште еднаш да го напишат и снимат својот следен албум. Можеби како одговор на одбивноста кон Falling Into Infinity, овој пат нивната издавачка куќа ѝ даде на групата целосна слобода со својата музика. Следбеникот на „Metropolis Part 1“ од Images and Words којшто бил напишан за време на сесиите за Falling Into Infinity (но не бил искористен на тој албум), бил земен како првата композиција на која што тие требало да работат.
Тие одлучиле да ја напишат одново и да ја продолжат 20-минутната песна со свеж, нов член на групата во концептуален албум, со приказна која се врти околу теми како реинкарнација, убиство и предавство. За да избегнат бранувања во јавноста кај своите обожаватели, постоела голема тајност во врска со процесот на пишување и на снимање. Единствените нешта кои обожавателите ги знаеле пред издавањето на албумот биле една список на песни која била издадена за јавност против волјата на групата, и датата на издавање. Обожавателите не знаеле ништо за насловот, за музиката, дури ни за фактот дека тоа ќе биде концептуален албум.
Во 1999, Metropolis, Pt. 2: Scenes From a Memory бил издаден со високи критички оценки. Бил пречекан како ремек-делото на Dream Theater од страна на многу обожаватели и критичари, и покрај тоа што стигнал само до местото број 73 на топ листите[2]. 'Scenes...' може да се спореди со Operation: Mindcrime на Queensrÿche, друг концептуален прогресивен метал албум издаден една декада порано.
Светската турнеја која следела, ја одвела групата во повеќе држави отколку што имале било кога посетено, одземајќи им цела година за целосно комплетирање на турнејата. За едно специјално шоу во Roseland Ballroom во Њујорк, глумецот Кент Бродхурст бил најмен да ја игра улогата на хипнотерапистот, и госпел хор воден од Тереза Томасон, (исто така присутни на албумот MP2 како гости) бил ставен на списокот да пее во определени делови од шоуто.
Ова шоу, последната северноамериканска дата на шоуто, било снимено како првото DVD издание на групата. По многу технички одложувања, обожавателите на Dream Theater конечно добиле пристап до тоа DVD насловено Metropolis 2000, во почетокот на 2001. Кратко по неговото издавање, групата изјавила дека аудио верзија на концертот, со целиот сет од четири часа (голем дел од кој морал да биде скратен од тоа DVD за да се зачува простор) ќе биде издадена кратко потоа.
Омотот на CD верзијата на концертот насловен Live Scenes From New York го покажува едното од раните лога на Dream Theater (срцето во пламени од ерата на Images And Words, моделирано според светото срце) изменето да изгледа како јаболко наместо срце, како илузија на прекарот на Њујорк - Големо Јаболко. Во пламените над јаболкото се гледа небесниот свод на Њујорк заедно со двете кули близначки на Светскиот Трговски Центар. Во несреќна коинциденција, албумот бил издаден на 11 септември 2001 - на истиот ден како и терористичкиот напад на Светскиот Трговски Центар. Албумот бил отповикан веднаш, но многу многу копии биле веќе купени како редок дел од историјата на Dream Theater. Албумот бил ре-издаден по кратко време со променет омот.
Six Degrees of Inner Turbulence бил прифатен многу добро од критичарите и печатот. Тој бил најпублицизираниот албум на Dream Theater по Awake, дебитирајќи на Билборд топ листите на местото број 46[3] и на Билборд Интернет топ листите до местото број 1[4]. Но, на некои обожаватели им недостигала комплексноста на групата од порано, која почнала да се губи и да се заменува со издолжени виртуозни сола.
Во текот на следната година и половина групата повторно направила турнеја околу светот, со продолжено живо шоу вклучувајќи неколку специјални свирки со „преработени албуми“ (видете го делот Преработени песни, подолу), на коишто тие во целост ги свиреле албумите Master of Puppets на Metallica и The Number of the Beast на Iron Maiden.
��о завршувањето на нивната промоционална турнеја и разните странични проекти, Dream Theater влегле во студиото да го снимат она што подоцна станало Train of Thought, нивниот најтежок албум до таа точка, напишан за само три недели [1] Архивирано на 27 септември 2006 г.. Албумот бил критичен успех, но имал поларизирачки ефект, бидејќи застранил значителна пропорција од обожавателите на Dream Theater (процес кој всушност започнал со албумот „Six Degrees... “) кои уживале во традиционалното влијание на прогресивните рок групи како што се Yes или King Crimson отколку во модерните музи на Dream Theater како што се Tool и Metallica. Без разлика, тоа ја проширило базата на обожаватели во нова територија, онаа на мејнстрим метал музиката, и на алтернативниот метал.
Нивниот следен потег бил да издадат уште една жива CD/DVD комбинација, овој пат снимена во познатата музичка сала Нипон Будокан во Токио, Јапонија на нивната Train of Thought светска турнеја. Live at Budokan бил издаден на 5 октомври 2004 и понатамошно ја издигнал репутацијата на Dream Theater како една од најдобрите сценски групи во прогресивниот метал.
По завршувањето на нивната Train of Thought промоционална турнеја во 2004, Dream Theater влегле во The Hit Factory студијата во Њујорк за да го снимат својот осми албум. Како што испаднало, тие биле последната група која било кога снимала во тоа познато студио, и откако ја завршиле нивната последна сесија, светлата во студиото биле исклучени засекогаш.
Најновиот албум, Octavarium, бил издаден на 7 јуни 2005 и го одвел звукот на групата во уште еден нов правец. Меѓу неговите осум песни се наоѓа продолжението на палетата на Портној - „Alcoholics Anonymous“ (The Root of All Evil; чекори 6-7 во планот од 12), како и самата насловна песна, епска песна која ѝ парира на A Change of Seasons низ која се проткајуваат неколку музички стилови во нејзиното 24-минутно времетраење. Како скоро секој албум од групата, Octavarium добил мешани критики од обожавателите и бил предмет на жешка дебата. Поточно, некои обожаватели сметале дека групата премногу подлегнувала на влијанијата на другите групи (на пр. „Never Enough“ била споредувана со песната „Stockholm Syndrome“ на Muse и релативно про-радио песната „I Walk Beside You“, која комбинира звук сличен на оној на U2 и Coldplay помешан со оној на Питер Сетера). Octavarium бил последниот албум од нивниот договор со издавачката куќа Elektra, и идните договори за снимање/дистрибуција сè уште не се потпишани. Во секој случај, Dream Theater планираат да започнат со работа на нивниот следен албум во есента 2006.
Dream Theater биле континуирано на турнеја низ 2005 и 2006 со цел да ја прослават својата 20-годишнина како група, вклучувјаќи и главно место на фестивалот Gigantour. За време на едно шоу на 2 август 2005 во Далас, групата ја изрази својата почит кон покојниот виртуоз на гитара на групата Pantera - Дарел Абот (Дајмбег Дарел) со изведувањето на Cemetery Gates како интро; тоа што ја направи изведбата позабележителна било неочекуваното појавување на колегите музичари Расел Ален, Бартон Бел and Дејв Мастејн, кој ѝ се придружил на групата на бина за да изведува делови од песната. [2] Архивирано на 12 март 2007 г.
Dream Theater подоцна заминале од Gigantour и продолжиле со своја серија на концерти; турнејата завршила со настап во познатата музичка сала Radio City Music Hall во Њујорк на 1 април 2006, кој бил снимен за CD/DVD наречено SCORE. Тие биле издадени на 29 август 2006 преку издавачката куќа Rhino.
Концертна репутација
[уреди | уреди извор]Низ нивната кариера, шоута во живо на Dream Theater постепено станувале поголеми, подолги, поразновидни, и помалку рестриктивни. Најочигледниот пример за ова е нивата политика за вртежна изведба на песните. Тоа значи, секоја вечер на секоја турнеја има свој распоред на песни за свирење кого што го составува Портној користејќи прецизен процес којшто осигура дека распоредот е компленто уникатен. Факторите како распоредите на песните од претходните градови се земаат предвид за да се осигураат дека луѓето кои ги гледаат Dream Theater повеќепати во истата област нема да ги видат истите песни изведени двапати, и дури и распоредот на песните од последниот пат кога групата била во градот се зема предвид за придобивка на обожавателите кои ја гледаат групата на последователни турнеи[5].
За ова да биде возможно, групата се подготвува за свирење на мнозинството од нејзиниот каталог за секој настап, зависејќи од што Портној ќе одлучи да програмира за таа вечер. За овој процес е потребно воведување на многу сложен систем на осветлување со цел да се вчитаат претходно-конфигурирани поставки за осветлувањето во зависност од поединечните песни.
Должината е друг уникатен елемент на концертите на Dream Theater. Нивните сè-светски турнеи, од Six Degrees of Inner Turbulence, предоминантно се таканаречени „Вечер со...“ турнеи, во коишто групата изведува најмалку три часа со одмор и без предгрупа. Шоуто коешто било снимено за Live Scenes From New York било скоро четири часа долго (ЛаБри хумористично се извинил на публиката за „краткиот настап“ по шоуто) и резултирало со скоро хоспитализирање на Портној[6].
Исто така, се среќава значајна доза на хумор, обичност и импровизација на сред еден концерт на Dream Theater. На сред „A Change of Seasons“ често се случува да се цитираат песни како оние од професионалната американска бејзбол лига MLB и Симпсонови, при што Рудес рутинирано ги модифицира неговите соло секции во оваа песна и други, често кога ја свири „When The Water Breaks“ (македонски: „Кога пука водењакот“) од Liquid Tension Experiment 2. Други цитати вклучуваат „Mary Had a Little Lamb“ за време на песната „Endless Sacrifice“ на Gigantour, дел инспириран од парна оргула во песната „Under a Glass Moon“, и турскиот марш на концерт во Истанбул. На најскорешната „Светска турнеја за 20-тата годишнина“ Рудес отсвирил дури и краток дел од „Twinkle, Twinkle, Little Star“ за време на еден дел од „Endless Sacrifice“. За време на As I Am во Бангкок во јануари 2006, Рудес отсвирил во почетнички стил многу исецкана дурска скала неколкупати нагоре и надолу пред иструменталниот дел.
Исто така не е нечуено за член на публиката да биде избран да се качи да изведува на бината (пример за тоа може да се види на тапанското соло на Портној на DVD изданието Live at Budokan). Исто така се случувале многу несекојдневни примопредавања на „среќен роденден“ кога член на групата или на екипажот имал роденден кој кореспондира со дата на турнеја, што нормално резултира со фрлање на роденденска торта на славеникот.
Можеби најекстремниот пример на непредвидливата структура на концертите на Dream Theater е од времето на Дерек Шерениан. Имено, на избрани шоуа, сите членови на групата ги разменуваат инструментите и изведуваат настап како „Nightmare Cinema“ (македонски: „Кино на кошмарите“)" (приближно спротивно на „театар на сништата“). Тие вообичаено изведувале преработка на „Perfect Strangers“ од Deep Purple, или пак во една прилика „Suicide Solution“ на Ози Озборн.
Слично, на некои шоуа Шерениан, Петручи и Портној се качувале заедно на сцената под името „Nicky Lemons Архивирано на 13 август 2006 г. and the Migraine Brothers“ (македонски: „Ники лимоните и браќата Мигрена“). Шерениан носејќи боа шал и очила за сонце изведувал поп-панк песна насловена „I Don't Like You“ (македонски: „Не ми се допаѓаш повеќе“) со Петручи и Портној како следечки вокали.
Лого и лик
[уреди | уреди извор]Рано во нивната кариера, Dream Theater изработиле сопствено лого (познато како логото на Majesty) и ознака со букви која оттогаш се појавува на најголемото мнозинство од нивниот промотивен материјал, заедно со барем еден од официјалните знаци на секое големо издание до ден денес, со исклучок на Once in a LIVEtime (видете го објаснувањето подолу). Дури и откако групата го напуштила името Majesty, симболот останал како нивен официјален знак и фан-заедницата на Dream Theater го гледа како што четирите симболи на секој член на Led Zeppelin се прифатени од обожавателите на таа група. Често се среќаваат луѓе на концертите на Dream Theater со тетоважи со симболот на Majesty .
Симболот на Majesty потекнува од симболот на Кралицата Мери на Шкотите'[7], кој бил преработен од Чарли Доминичи за употреба на омотот на албумот When Dream and Day Unite[8].
Фактот дека ниту логото, ниту ознаката со букви не се појавиле на омотот на Once In A LIVEtime ниту пак на придружното видео/DVD издание 5 Years in a LIVEtime бил протолкуван од некои обожаватели како доказ дека групата ги изневерила и застранила од своите корени со нивните „модернизирани“ фонтови, но со повторното ставање на симболот на омотот на Scenes From a Memory незадоволството било воглавно заборавено. (Вистинската причина била во тоа што Сторм Торгерсон, легендарниот графички дизајнер за двата претходно споменети албуми, не сака да работи со претходно постоечки фонт Архивирано на 7 септември 2006 г..) Од тогаш се појавува на секое следно издание. (Омотот на Falling Into Infinity го имал логото, но не ознаката со букви.)
Преработени песни
[уреди | уреди извор]Иако се добро познати за преработките на делата на другите уметници низ целата своја кариера, Dream Theater ја одвеле оваа пракса на едно ново ниво за време на промоционалната турнеја за Six Degrees of Inner Turbulence. На трите специјални сврики, по една во Барселона, Чикаго и Њујорк, тие го преработиле албумот Master of Puppets на Metallica во целост откако отсвириле целосна список на песни од материјалот на Dream Theater. Ова им дошло како целосен шок за обожавателите бидејќи немало никаков знак дека такво нешто е можно да се случи, освен најавата дека вклучените свирки, кои биле втори по ред од двовечерната програма во секој град, ќе биле „екстра специјални“. Оваа традиција веројатно потекнува од една од најомилените групи на Мајк Портној - Phish, кои започнале со преработување на цели албуми од други уметници на секој Ден на Вештерките започнувајќи во 1994.
Портној ја измислил оваа „преработка на албум“ како прва во серија на свирки кои ќе биле отсвирени како признание кон групите кои биле влијателни во создавањето и развојот на Dream Theater. Сетот на преработки ги поделил обожавателите кои ги посетувале настапите, со некои луѓе велејќи дека тие отишле да на концерт на Dream Theater за да видат оригинална музика, а не дело на друг уметник. Други, пак, велеле дека тоа е бонус, а не замена за оригинален концерт на Dream Theater, со оглед на тоа што вообичаена свирка била отсвирена претходната ноќ. Следниот пат кога требало да се одржи свирка со преработка на албум оваа негативност била потисната, бидејќи повеќето обожаватели знаеле што ќе се случувало на свирката и биле свесни дека немало да гледаат цела вечер со материјал на Dream Theater.
На следниот дел од турнејата тие го преработиле албумот The Number of the Beast на Iron Maiden и имало слични реакции како оние за Master of Puppets, иако веќе било познато дека таа вечер требало да се изведува преработка поради тоа што турнејата вклучувала две последователни свирки во еден град.
На 11 октомври 2005, Dream Theater го преработиле албумот Dark Side of the Moon на Pink Floyd, нивната трета класична преработка на албум. Официјалното мрежно место на Dream Theater изјавува дека „двата сета од вторите вечери во Амстердам, Лондон, Буенос Аирес, Саун Пауло и Токио (11 октомври 25 октомври, 4 декември 11 декември и 13 јануари), и исто така вториот сет од шоуто во Осака на 15 јануари, ќе бидат класичен албум преработен во целост.“ Dark Side of the Moon бил отсвирен повторно на 25 октомври во Лондон. Но, во Буенос Аирес (4 декември) и Саун Пауло (11 декември) 'класичниот албум' кој бил отсвирен бил сопствениот албум на Dream Theater — Scenes from a Memory, со цел да надоместат за тоа што не ги посетиле Аргентина и Бразил за време на нивната турнеја Metropolis 2000.
Во 2006, на 13 јануари (Токио) и на 15 јануари (Осака), Dream Theater го преработиле албумот во живо Made in Japan на Deep Purple, нивната четврта класична преработка на албум. (Ова во мала мера се совпаднало со шпекулациите на обожавателите кои велеле дека е неизбежно дека барем еден прогресивен рок албум од 70-тите ќе биде преработен, најверојатно од групата Rush.)
Мајк Портној вели дека има во план уште едно шоу со преработки во план, но одбива да кажи кога тоа ќе се случи, или пак кој албум ќе биде преработен.[9]. Има многу дебатирање во круговите на обожавателите на Dream Theater во врска со тоа кој албум ќе биде преработе��, и дури кој во кој жанр ќе спаѓа тој албум.
Тие исто така имаат изведено жив настап на „Cemetery Gates“ од Pantera во Далас (Тексас, САД) како помен на покојниот „Дајмбег“ Дарел Абот.
Моментален распоред
[уреди | уреди извор]Dream Theater се моментално на пауза по нивното шоу за 20-годишнината во Radio City Music Hall. DVD и CD сетот од шоуто, насловен „SCORE“ бил издаден на 29 август 2006 од издавачката куќа Rhino. Тоа DVD ќе го содржи целосното шоу, како и бонус диск вклучувајќи документарен филм во времетраење од еден час во врска со историјата на групата и бонус песни во живо од архивите на Мајк Портној. Има гласини дека „Octavarium“ бил последниот албум со нивната моментална издавачка куќа, со која што биле незадоволни. Така, можно е групата да издава албуми со нова издавачка куќа. [3] Архивирано на 27 август 2006 г.
Следен албум
[уреди | уреди извор]Моментално, Dream Theater се во процесот на пишување на нивниот 9-ти студиски албум; групата цели кон издание за пролет/лето 2007. Тие ќе го работат својот нов албум со помошта на продуцентот Пол Нортфилд. Моментално, нема други детали во врска со новиот албум. [4] Архивирано на 27 август 2006 г.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми и мини-албуми
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Забелешки |
1989 | When Dream and Day Unite | Прв студиски албум; единствено студиско издание со Чарли Доминичи. |
1992 | Images and Words | Прв албум со Џејмс ЛаБри; се смета за пробив на групата (#61 на топ листите); златна сертификација. |
1994 | Awake | Последниот албум на Кевин Мур со групата, со забележително потежок звук од претходните изданија. Највисок ранг на топ листите во историјата на групата (#32) |
1995 | A Change of Seasons (мини-албум) | Првото официјално издание на Дерек Шерениан со Dream Theater. |
1997 | Falling into Infinity | Единствениот целосен студиски албум на Derek Sherinian со групата. |
1999 | Metropolis Pt 2: Scenes from a Memory | Првото појавување на Џордан Рудес и првиот концептуален албум на групата. Го започнува мета албумот. |
2002 | Six Degrees of Inner Turbulence | Првиот студиски двоен албум на Dream Theater. |
2003 | Train of Thought | Несомнено нивниот најтежок албум до ден денес. |
2005 | Octavarium | Албум со највисок ранг на топ листите од 2005 (#36 во САД); последниот албум било кога снимен во студиото The Hit Factory во Њујорк; четврт и последен (досега) дел од мета концептуалниот албум. |
2007 | Systematic Chaos | |
2009 | Black Clouds & Silver Linings | |
2011 | A Dramatic Turn of Events | |
2013 | Dream Theater | |
2016 | The Astonishing | |
2019 | Distance over Time | |
2021 | A View from the Top of the World | |
2025 | Parasomnia |
Албуми во живо
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Забелешки |
1993 | Live at the Marquee | Прв албум во живо; снимен во Лондон, Англија. |
1998 | Once in a LIVEtime | 2CD снимен во Париз, Франција. |
2001 | Live Scenes From New York | 3CD снимен во Њујорк, САД. |
2004 | Live at Budokan | 3CD/2DVD комбинација снимена во Токио, Јапонија. |
2006 | SCORE | 3CD/2DVD снимени во Radio City Music Hall на 1 април 2006 во Њујорк, САД. |
Синглови
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Забелешки |
1992 | „Pull Me Under“ (Images and Words) | CD сингл, радио издание и музички спот; сингл со највисок ранг на топ листите досега (#10 на Mainstream Rock топ листата). |
1992 | „Take the Time“ (Images and Words) | CD сингл, радио издание и музички спот; се искачил на #22 на Билборд Mainstream Rock Tracks топ листата. |
1992 | „Another Day“ (Images and Words) | CD сингл, радио издание и музички спот; се искачил на #29 на топ листите. |
1994 | „The Silent Man“ (Awake) | CD сингл, радио издание и музички спот; не се искачил на топ листите. |
1994 | „Lie“ (Awake) | CD сингл, радио издание и музички спот; се искачил на #38. |
1997 | „Hollow Годинаs“ (Falling Into Infinity) | CD сингл, радио издание и музички спот; не се искачил на топ листите. |
2000 | „Through Her Eyes“ (Scenes From a Memory) | Само CD сингл; не се искачил на топ листите. |
2003 | „As I Am“ (Train of Thought) | Радио издание; не се искачил на топ листите. |
2005 | „Panic Attack“ (Octavarium) | Радио издание; не се искачил на топ листите. |
2005 | „These Walls“ (Octavarium) | Радио издание; не се искачил на топ листите. |
Видео и DVD
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Забелешки |
1993 | Податотекаs and Words: Live in Tokyo | Видео касета снимена во Токио, Јапонија. |
1998 | 5 Годинаs in a LIVEtime | Видео касета |
2001 | Metropolis 2000: Scenes From New York | Истото шоу од CD сетот на Live Scenes From New York, но издадено одделно и со помалку песни. |
2004 | Live in Tokyo / 5 Годинаs in a LIVEtime | Комбинирано DVD реиздание. |
2004 | Live at Budokan | 3CD/2DVD комбинација снимена во Токио, Јапонија. |
2006 | SCORE | 3CD/2DVD снимени во Radio City Music Hall на 1 април 2006 во Њујорк, САД. |
Обожавателски клубови
[уреди | уреди извор]Групата има неколку официјални обожавателски клубови низ целиот свет:
- Voices UK (Обединето Кралство)
- DTNorway (Норвешка)
- The Mirror (Германија)
- Your Majesty (Франција)
- Italian Dreamers (Италија)
- Carpe Diem! (Јапонија)
- Ytsejammers Israel (Израел)
- Infinite Dreams (Грција)
- Svenska Dream Theater Sällskapet (Шведска)
- YtseBR (Бразил)
- Home (Турција)
Од 1996 to 2004, меѓународниот обожавателски клуб на Dream Theater (Dream Theater International Fan Club — DTIFC) - којшто сега е распаднат - издал неколку ексклузивни изданија на своите членови:
Компакт дискови од обожавателските клубови
[уреди | уреди извор]- DTIFC 009 - A Sort of Homecoming (2004)
- DTIFC 008 - Graspop Festival 2002 (2003)
- DTIFC 007 - Taste The Memories (2002)
- DTIFC 006 - Four Degrees Of Radio Edits (2001)
- DTIFC 005 - Scenes From A World Tour (2000)
- DTIFC 004 - Cleaning Out The Closet (1999)
- DTIFC 003 - Once In A LIVEtime Outtakes (1998)
- DTIFC 002 - The Making Of Falling Into Infinity (1997)
- DTIFC 001 - International Fanclub Christmas CD (1996)
Промоционални албуми на обожавателските клубови
[уреди | уреди извор]- Dream Theater - The Atco Demos (2002)
- TransAtlantic - Bridge Across Europe Tour 2001 (2001)
Во 2005, многу од европските обожавателски клубови соработувале за да направат DVD од обожавателските клубови коешто вклучувало интервјуа и снимки од европската турнеја за 20-годишнината, како на сцената, така и зад сцената.
Награди и сертификати
[уреди | уреди извор]- Images and Words (златна) - 2 февруари 1995
- Metropolis 2000: Live Scenes From New York (златна) - 8 ноември 2002
- Live at Budokan (платинеста) - 26 јануари 2005
- Live in Tokyo/5 Years in a Livetime (платинеста) - 22 март 2006
(Извор: потрага по „Dream Theater“.)
Магазин Keyboard
[уреди | уреди извор]На Џордан Рудес му биле доделени следниве награди од читателските анкети на Магазинот Keyboard;
- Најдобар нов талент (1994)
Магазин Modern Drummer
[уреди | уреди извор]Мајк Портној ги има освоено следните награди од читателските анкети на магазинот Modern Drummer;
- Најдобар нов талент и талент во подем (1994)
- Најдобар прогресивен рок тапанар (1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006)
- Најдобар снимен настап (1995 за Awake, 1996 за A Change of Seasons, 1998 за Falling Into Infinity, 2000 за Metropolis, Pt. 2: Scenes From a Memory, 2002 за Six Degrees of Inner Turbulence)
- Best Clinician (2000, 2002)
- Најдобро едукационо видео/DVD (2000, 2002)
- Член на куќата на славните (2004)
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Видете го дневникот на турнеи на Мајк Портној Архивирано на 21 јули 2006 г. за детали за овие концерти.
- ↑ Деталите за рангирањето на топ листите на Metropolis, Pt. 2: Scenes From a Memory може да бидат видени на DreamTheater.net Архивирано на 18 февруари 2006 г..
- ↑ Повеќе информации за перформансите на топ листите на Six Degrees of Inner Turbulence може да се најдат на Billboard.com и DreamTheater.net Архивирано на 18 февруари 2006 г..
- ↑ DreamTheater.net Архивирано на 18 февруари 2006 г. информирал дека Six Degrees of Inner Turbulence стигнал до местото број 1 на Билборд Интернет топ листите.
- ↑ Видете на Earplugs Required интервју со Мајк Портној за објаснување во врска со распоредот на песните (приближно на половина на страницата).
- ↑ Оваа ситуација е објаснета во песната со коментари на Metropolis 2000: Scenes From New York DVD и на ЧПП на мрежното место на Мајк Портној Архивирано на 14 август 2007 г..
- ↑ Симболот кој се користи од Кралицата Мери на Шкотите прво бил достапен на DreamTheater.net и сега е достапен на DTFAQ.com.
- ↑ Доминичи бил одговорен за уредувањето на симболот на Majesty Symbol во неговата моментална форма. Видете DTFAQ.com.
- ↑ Во неговата список на ЧПП Архивирано на 26 август 2007 г., Мајк Портној споменува дека има избрано пет албуми кои Dream Theater треба да ги преработи. Четири од овие, Master of Puppets, The Number of the Beast, Dark Side of the Moon и Made in Japan, веќе се отсвирени.
- Бредиус, Марк. Dream Theater - официјалното мрежно место. (Од февруари-април 2005.)
- Диксон, Бред DTFAQ.com - ЧПП за Dream Theater. (Од февруари-април 2005.)
- Хансен, Скот & Портној, Мајк. Дневник на турнеите на Dream Theater Архивирано на 20 декември 2008 г.. (Од февруари-април 2005.)
- Кинг, Брајан. (2003). „JaM продукција! Интервју со Џон Петручи и Мајк Портној“. Магазин:Theater of Dreams 29, стр. 14-20.
- Хансен, Скот. (2003). „Џејмс ЛаБри: Како што мисли овој човек“. Магазин:Theater of Dreams 27/28, стр. 26-30.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Dream Theater“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Dream Theater
- Official Че��то поставувани прашања за Dream Theater
- Мрежното место на Мајк Портној
- Мрежното место на Џон Петручи
- Мрежното место на Џордан Рудес
- Мрежното место на Џон Мјанг Архивирано на 29 август 2005 г.
- Мрежното место на Џејмс ЛаБри
- Мрежното место на Дерек Шерениан
- Издавачка куќа YtseJam
- Официјална LiveJournal заедница
- Текстови од Dream Theater Архивирано на 5 ноември 2006 г.
|