Iron Maiden
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Iron Maiden | |
---|---|
Од лево на десно : Steve Harris, Dave Murray, Janick Gers и Adrian Smith за време на настап во 2006. пејачот Bruce Dickinson и тапанарот Nicko McBrain не се гледаат | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лејтон, Источен Лондон, Англија |
Жанрови | Хеви метал |
Период на активност | 1975 - денес |
Издавачи | EMI Sanctuary Columbia Portrait Capitol Епик Рекордс CMC International |
Соработници | Blaze ASAP Wolfsbane Пол Ди'Ано Urchin The Untouchables Psycho Motel Lauren Harris Samson Trust McBrain Damage |
Мреж. место | http://www.ironmaiden.com |
Членови | |
Steve Harris Dave Murray Nicko McBrain Bruce Dickinson Adrian Smith Janick Gers | |
Поранешни членови | |
Clive Burr Paul Di'Anno Blaze Bayley Dennis Stratton Doug Sampson Paul Cairns Paul Todd Dave Mac Tony Parsons Dennis Wilcock Terry Wapram Thunderstick Tony Moore Ron Matthews Bob Sawyer Terry Rance Paul Day Dave Sullivan |
Iron Maiden е британски хеви метал бенд формиран во Лејтон, Источен Лондонво 1975 година од басистот Стив Харис кој пред тоа бил член на бендовите Gypsy's Kiss и Smiler. Iron Maiden е еден од најуспешните и влијателни хеви метал бендови во светот, со над 130 милиони продадени примероци од нивните албуми. Името на групата е добиено од средновековната справа за мачење од 17-тиот век, откако Стив го гледал филмот "The Man in the Iron Mask". Досега имаат издадено 17 студиски албуми, 13 албуми во живо и 7 компилациски албуми со најголемите хитови. Моменталниот состав на бендот е Стив Харис - бас гитара, Брус Дикинсон - вокал, Дејв Мурај - гитара, Адријан Смит - гитара, Џеник Герс - гитара, и Нико МекБрејн - тапани.
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци (1975–1978)
[уреди | уреди извор]Групата била формирана од Стив Харис на 25 декември 1975, кратко откако тој го напуштил бендот Smiler, а тој всушност е единствениот член од оригиналниот состав на групата. Првиот пејач Паул Деј бил исфрлен од бендот после само неколку месеци поради "недостаток на енергија и харизма на сцена" според Харис. Заменет бил од Денис Вилкок, голем обожавател на бендот Kiss, кој употребувал оган, шминка и лажна крв за време на настапите во живо. Пријателот на Вилкок, Дејв Муреј, се придружил на бендот како по заминувањето на гитаристите Дејв Саливен и Тери Рејнс во средината на 1976 година. Стив Харис и Дејв Муреј се единствените 2 члена на групата кој имаат свирено на сите албуми.
Во 1977, новиот ритам гитарист Боб Соер предизвика судир помеѓу Мареј и Вилкок, па Харис ќе ги избрка и Мареј и Соер. Лошиот настап на една свирка во ноември 1977 со Тони Мур на клавијатури, Terry Wapram гитара и Barry Purkis на тапани резултирал со тоа што Стив го избркал цел бенд. Потоа Дејв Мареј се враќа, а Даг Семсон станува новиот тапанар.
Патот до Славата (1978-1981)
[уреди | уреди извор]На аудиција во Red Lion pub во Leytonstone Пол Ди'Ано станува новиот вокалист. Стив ќе изјави дека има нешто посебно во неговиот глас.
Свиреле 3 години но немале ништо издадено. На Нова Година 1978 ќе издадат демо The Soundhouse Tapes кое иако само со 3 песни ќе се продаде во 5 000 примероци за само една недела. Песната "Prowler" ќе се искачи на првото место на топ списокот на списанието Sounds. Нивното прво појавување на албум било во компилацијата Metal for Muthas со две рани верзии на "Sanctuary" и "Wrathchild".
Во 1979 гитаристот Paul Cairns се приклучува на бендот, но го напушта кратко пред да снимаат во студио. Неколку гитаристи биле на проба сè додека одлуката не падне на Dennis Stratton. Бендот сакал да го земе другарот на Murray, Adrian Smith но тој бил зафатен со неговиот тогашен бенд Urchin. Исто така тапанарот Doug Sampson бил заменет со Clive Burr (донесен од Stratton). Во декември 1989 бендот потпишува значаен договор со издавачката куќа EMI.
Iron Maiden (1980)
[уреди | уреди извор]Iron Maiden во 1980 година го издава истоимениот албум Iron Maiden кој го достигнува 4то место на UK Albums Chart после првата недела на продажба, со што групата станува една од главните протагонисти на New Wave of British Heavy Metal движењето. После Британската турнеја бендот настапува како предгрупа на Kiss на нивната Unmasked Tour европска турнеја а исто така свират и со Judas Pries на неколку наврати. После турнејата со Kiss, Dennis Stratton е избркан од бендот поради креативни и лични разлики со останатите членови. На негово место доаѓа Adrian Smith во октомври 1980.
- Prowler
- Remember Tomorrow
- Running Free
- Phantom of the Opera
- Transylvania
- Strange World
- Charlotte the Harlot
- Iron Maiden
Killers (1981)
[уреди | уреди извор]Во 1981 година, бендот го објавил својот втор студиски албум, Killers. Овој албум содржи многу песни кој биле веќе напишани за првиот албум но се сметале за вишок. Само две песни биле додатно напишани, и тоа "Prodigal Son" и "Murders in the Rue Morgue" (чија тема е заснована врз делото од Едгар Ален По). По издвањето на албумот, бендот ја започнал својата прва светска турнеја наречена Killer World Tour која траела од 17-ти февруари до 15-ти ноември 1981 година при што настапиле на својот прв концерт во САД. Албумот стигнал до 12-то место на листата за албуми во Англија и бр. 78 на Billboard 200 во САД. Како најзначајните песни од албумот главно се издвојуваат "Killers", "Purgatory", "Murders In The Rue Morgue" и особено "Wrathchild" која до ден денес е една од популарните песни на бендот.
Сите песни се напишани само од Стив Харис, освен песна бр. 7
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „The Ides Of March“ (инструментална) | 1:48 | |
2. | „Wrathchild“ | 2:54 | |
3. | „Murders In The Rue Morgue“ | 4:14 | |
4. | „Another Life“ | 3:22 | |
5. | „Genghis Khan“ (инструментална) | 3:02 | |
6. | „Innocent Exile“ | 3:50 | |
7. | „Killers“ | Пол Ди' Ано, Харис | 4:58 |
8. | „Prodigal Son“ | 6:05 | |
9. | „Purgatory“ | 3:18 | |
10. | „Drifter“ | 4:47 |
Најголем Успех (1981-1985)
[уреди | уреди извор]The Number of the Beast (1982)
[уреди | уреди извор]Во текот на турнејата за Killers, Пол Ди' Ано започнал да користи прекумерни количества кокаин секојдневно што се одразило на неговото однесување на сцената, во времето кога бендот забележувал голем успех на Американската сцена. Во септември 1981, бендот го отпушта Ди' Ано и започнува со барање на нов вокалист. После кратко време, Брус Дикинсон - пејачот на хеви метал групата Самсон, се пријавува за аудиција и веднаш се приклучува на бендот. После кратка пауза, бендот повторно се враќа, а како најава за следниот албум за прв пат ги свири "Children of the Damned" и "22 Acacia Avenue" со што пред фановите го презентирале новиот поразвиен и мелодичен звук.
На 22 март 1982 година бил издаден третиот албум и дебито на Дикинсон - The Number of the Beast (снимен јануари-февруари 1982) кој станува првиот албум на групата да го достигне првото место на листата албуми во Англија и 33-то место во САД, а исто така бил топ 10 албум во многу држави.
The Number of The Beast се смета за еден од најдобрите хеви метал албуми на сите времиња со околу 20 милиони продадени примероци на светско ниво и често се споменува во листи за најважни метал албуми. Во 2017 година, бил рангиран 4-ти на листата од Rolling Stone за "100-те најдобри метал албуми на сите времиња".
Сепак, социјалните конзервативци во САД силно се спротивставиле на албумот сметајќи дека Iron Maiden се сатанисти заради корицата која го покажува ѓаволот контролиран од маскотата на бендот и поради песната "The Number of the Beast" во која се споменува бројот 666 . Биле организирани јавни палења на албумот, а некои групи дури ги кршеле плоите со чекани.
За вторпат бендот оди на светска турнеја и ги посетува Америка, Канада, Јапонија, Австралија.
Покрај носечката трака на албумот која беше најпопуларна покрај својата контроверза, се издвојуваат другите хитови од типот на "Run to the Hills", "22 Acacia Avenue", "Hallowed Be Thy Name"... Исто така има песни со историско и книжевно значење како што се "Children of the Damned" заснована на истоимениот филм и "The Prisoner" заснована на истоименото тв-шоу.
Бидејќи имале напишано многу материјал, бендот морал да избери која од "Total Eclipse" и "Gangland" да биде ставена на албумот. На крај, песната "Gangland" била избрана и издадена на албумот, додека "Total Eclipse" била издадена на Б-страната од синглот "Run to the Hills". Оттогаш, неколку членови на бендот имаат изразено жалење за одлуката, а Стив Харис коментираше: "Ја избравме погрешната песна за Б-страната. Мислам дека ако "Total Eclipse" беше на албумот наместо „Gangland“ ќе беше беше далеку подобар". Освен тоа, Харис има коментирано дека воведната песна "Invaders" не беше доволно добра, кажувајќи "Сме можеле да ја замениме со нешто малку подобро". Сепак, "Total Eclipse" беше додадена на преработеното издавање од 1998 година.
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Invaders“ | Стив Харис | 3:24 |
2. | „Children of the Damned“ | Харис | 4:36 |
3. | „The Prisoner“ | Адриан Смит, Харис | 6:03 |
4. | „22 Acacia Avenue“ | Харис, Смит | 6:38 |
5. | „The Number of the Beast“ | Харис | 4:51 |
6. | „Run to the Hills“ | Харис | 3:54 |
7. | „Gangland“ | Харис, Клајв Бур | 3:49 |
8. | „Total Eclipse“ | Харис, Дејв Муреј, Бур | 4:29 |
9. | „Hallowed Be Thy Name“ | Харис | 7:13 |
Вк. траење: |
44:57 |
Piece of Mind (1983)
[уреди | уреди извор]Во декември 1982, тапанарот Клајв Бур бил отпуштен и заменет со Нико МекБрејн. На 16-ти мај 1983 бил издаден четвртиот студиски албум "Piece of Mind" (снимен - јануари до март 1983). Албумот бил многу успешен, стигнувајќи до 3-то место во Англија и 14-то место во САД на листата за албуми.
Најпопуларни песни од албумот се "The Trooper" и "Flight of Icarus" издадени како синглови. Песни инспирирани од книжевни дела во албумот се "Where Eagles Dare", "The Trooper" и "To Tame A Land".
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Where Eagles Dare“ | Стив Харис | 6:08 |
2. | „Revelations“ | Брус Дикинсон | 6:51 |
3. | „Flight of Icarus“ | Адриан Смит, Дикинсон | 3:49 |
4. | „Die With Your Boots On“ | Смит, Дикинсон, Харис | 5:22 |
5. | „The Trooper“ | Харис | 4:10 |
6. | „Still Life“ | Дејв Муреј, Харис | 4:37 |
7. | „Quest for Fire“ | Харис | 3:40 |
8. | „Sun and Steel“ | Дикинсон, Смит | 3:25 |
9. | „To Tame a Land“ | Харис | 7:26 |
Вк. траење: |
45:28 |
Powerslave (1984)
[уреди | уреди извор]По успехот на "Piece of Mind", бендот ќе го објави петтиот студиски албум "Powerslave" на 3-ти септември 1984 достигнувајќи второ место на листата за албуми во Англија.
Насловната корица на албумот е препознатлива по темата на Антички Египет, која била пренесена на турнеата која го проследила албумот наречена "World Slavery Tour". Оваа турнеа е најдолгата во историјата на бендот траејќи 189 настапи со почеток во Варшава, Полска на 9-ти август 1984 и крај во Лос Анџелес, Калифорнија на 5-ти јули 1985 (вкупно 331 ден). Поради ова, турнеата беше многу исцрпувачка за бендот, па затоа им требаа цели 6 месеци одмор, одмор за првпат во историјата на бендот кој траел до почетокот на 1986 година.
Песната "Rime of the Ancient Mariner", заснована врз истоимената поема од Самуел Тејлор Колериџ, била најдолга во вкупниот каталог на бендот траејќи над 13 и пол минути, но беше преземна од 18 минутната "Empire of the Clouds" од албумот "The Book of Souls".
Најпопуларни песни од албумот се воведната песна "Aces High" и "2 Minutes to Midnight" кои биле издадени како синглови.
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
---|---|---|---|
1. | „Aces High“ | Стив Харис | 4:31 |
2. | „2 Minutes To Midnight“ | Адриан Смит, Брус Дикинсон | 6:04 |
3. | „Losfer Words (Big "Orra)“ (инструментална) | Харис | 4:15 |
4. | „Flash of the Blade“ | Дикинсон | 4:05 |
5. | „The Duellists“ | Харис | 6:18 |
6. | „Back in the Village“ | Смит, Дикинсон | 5:02 |
7. | „Powerslave“ | Дикинсон | 7:12 |
8. | „Rime of the Ancient Mariner“ | Ха��ис | 13:45 |
Вк. траење: |
51:29 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Iron Maiden“ на Ризницата ? |
|